×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зборувате сами со себе - знак дека сте паметни!

    23.05.2012 14:01 | KumanovoNews

     Американските научници докажале дека зборувањето на глас, му помага на мозокот подобро да се фокусира на предметот по кој трага.

    Зборувате сами со себе - знак дека сте паметни!

    Зборувањето на глас или мрморењето помага полесно и подобро да се концентрираме на работата која моментно ја правиме. Американските научници докажале дека зборувањето на глас, му помага на мозокот подобро да се фокусира на предметот по кој трага.

    Претходните истражувања покажале дека децата додека ги извршуваат задачите, како врзување на врвките на патиките, и разговараат сами со себе помага полесно и побрзо да ја совладаат работата пред себе, а со новата студија сакале да проверат дали истиот принцип дејствува и на возрасните.

    Експериментот е спроведен на начин така што учесниците требале да ги пронајдат предметите кои се наоѓаат во одредени продавници, како јаболко, кола пијалак или дезодоранс. Притоа, тие или ги изговарале имињата на производите или ги барале во апсолутна тишина. Оние кои разговарале сами со себе побрзо ги пронаоѓале предметите кои биле „скриени“.