Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата песна на познатиот пејач Здравко Чолиќ, "Шок" шокира со брзиот ритам во техно стил.
Новиот 14ти по ред албум на босанскиот пејач Чолиќ е насловен како "Ватра и барут" и содржи етно елементи, севдалинки, соул,поп и техно стил.
Најголемо изненадување за сите кои го преслушале албумот е песната "Шок" која е изработена во модерен техно транс аранжман и е наменета за помладата генерација.
Од секогаш сакав во албумите да направам и некој музички експеримент. Овој пат тоа е токму песната "Шок" која ги помера границите кога е во прашање мојо репертоар. Повеќе од полови година работиме на овој албум заедно со соработниците и тој е конечно подготвен да излезе во јавноста. Луѓето ја сакаат мојата музика и нема да бидат разочарани-изјави Чола.
Новиот албум се очекува во продажба на крајот на месец ноември а концертната промоција ќе се одржи во текот на неговата европска турнеја.