×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жената која истрча 366 маратони за 365 дена

    17.07.2013 06:47 | KumanovoNews

    Во неделата, Фредсков ја заврши целата година во која трчала секој ден. Тоа се 42,195 километри секој ден, без разлика на времето или изморените нозе.

    Жената која истрча 366 маратони за 365 дена

    На последниот ден, таа истрчала двојно повеќе.

    Со 84 километри истрчани во неделата за 10 часа и 44 минути, таа истрчала над 15.000 километри во 366 маратони завршени за 365 дена. Таа сменила 20 пара патики за трчање во текот на годината.

    Како да не е доволно импресивно ова, таа го постигнала успехот со мултиплекс склероза.

    Фредсков се опишува како „нормална жена, мајка и сопруга“. Ѝ била дијагностицирана склероза пред три години. Но наместо да дозволи болеста негативно да влијае на неа, таа се обидува да ја победи.

    Иако болеста ѝ била дијагностицирана пред три години, до денес таа нема никакви симптоми или проблеми. Таа мисли дека маратоните играле голема улога во фактот дека таа е здрава денес. Пред две години, таа за маратоните мислела како и повеќето – дека тие не се здрави. Но сеа го променила своето мислење. Таа вели дека маратоните се најдоброто нешто што им се случило на нејзиното тело и душа.