Женското трио „Шербет“ со настап во “Училница“ Bar & Kitchen
31.05.2018 14:52
| KumanovoNews
Девојките од групата „Шербет“ вечерва (петок) ќе настапат во “Училница“ Bar & Kitchen.

Станува збор за група од Тетово - три млади девојки со одлични вокали кои ја негуваат македонската поп-рок музика.
Концертот започнува во 21 часот и ќе трае по полноќ.
Сите заинтересирани кумановци можат да резервиараат место на телефоните 070 334 606 - 077 646 632.
“Училница“ Bar & Kitchen се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“, локалитет „Водовод“, поранешна гостилница „Биџо“.