Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Познатиот актер Жерард Батлер одлиучил да започне музичка кариера, а во подготовка на новиот албум ќе му помогне контраверзниот рокер Мерилин Менсон.
Како што пренесуваат американските таблоиди, Жерард почнал да се занимава со музиката кога пред неколку месеци завршил во болница за одвикнување од таблети. Во текот на терапијата одлучил да работи на својот прв албум. Жерард за помош најпрвин се обратил кај Џони Деп кој потоа го упатил кај актерот Џек Блек кој го има бендот “Tenacious D”, и кај Мерилин Менсон, за да му помогнат при подготовката на албумот и снимањето на песните.
Деп и Менсон претходно соработувале на албумот “Born Villian” , каде актерот на албумот на Менсон отсвирел гитара во песната “You’re So Vain”.