Мени

Зимница: Тиквички со карфиол

21.10.2019 10:35 | KumanovoNews

Подготовка: 30 минути, варење: 4 минути

Зимница: Тиквички со карфиол

* Состојки за 2 тегли по 750 мл.

- 650 гр. карфиол;

- 300 гр. тиквички;

- 3 лажици шеќер;

- 500 ми. оцет;

- 1/2 лажичка век пипер во рано;

- 4 зрнца коријндер;

- 1 лажица сол.

* Подготовка:

- Исечете го карфиолот и разделете го на парчиња, потоа измијте ја тиквичката и неа исецкајте ја на парчиња.

- Во еден сад измешајте оцет со 500 мл. вода, додајте го пиперот, шеќерот, коријандерот и солот и оставете да зоврие.

- Потоа додајте го карфиолот и мешајте 4 минути. Следно, извадете го карфиолот и во истата вода додајте ја тиквичката, за неа е доволно само 1 минута бланширање.

- Потоа извадете ја и тиквичката и ставете го зеленчукот во тегли .

- Уште еднаш сварете ја маринадата, а потоа со неа прелијте го зеленчукот и добро затворете ги теглите.