Мени

Зимска мавровска убавица

26.02.2013 09:21 | KumanovoNews

Зимска Мавровска убавица е 16-годишната Кристина Димитријевска од Тетово.

Зимска мавровска убавица

Изборот се одржа во дискотеката Ратрак, како дел од турнејата на која кандидатките се претставуваат преку полуфинални настапи во сите поголеми градови на Македонија. Големото финале пак ќе се одржи во средината на март во клубот „Колосеум“ во Скопје.

За прва придружничка во Маврово беше прогласена Мартина Димитрова (20) од Скопје, а втора Катарина Велковска (18) исто така од Скопје. Изборот продолжува следниот викенд, а вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак има лиценци.