Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бразилката манекенка Жизел Бундшен, четврата година по ред важи за најплатена манекенка во светот, а по неа следуваат Хајди Клум, Кејт Мос и Адриана Лима. Нејзината заработувачка изнесува 35 милиони долари.
Оваа убавица чие богатство се проценува на 150 милиони долари се прослави како заштитно лица на многу модни брендови од Ралф Лорен до Викоториа Сикрет
Жизел покрај „шетањето по пистата“ и сликањето за бројни рекламни компании се занимава и со креирање на нејзините сандали „ипанема“ кои претставуваат најпродавани производи во Бразил и светот. Минатата година за Жизел беше успешна и по свадбата со Том Брејди и раѓањето на нејзиниот син Бенѓамин.
Германската манекенка хајди Клум, мајка на четири деца со 36 години е најстара манекенка на листата, но тоа не ја спречи во 2009 година да заработи 14 милиони долари.
Хајди има своја линија на парфеми, облека и накит продуцент е на германската телевизиска емисија „Next Top Model“ а има објавено и неколку книги.
Иако веќе со години Британката Кејт Мос ги полни таблоидите со скандали таа сепак е омилен модел на сите светски креатори, а ја има на повеќе од 300 насловни страни на модните магазини. Минатата година нејзината заработувачка беше 7,5 милиони долари.
Адриана Лима која има загарантирано место на сите можни листи за најубави жени во светот исто така имаше година за паметење, се омажи за српскиот кошаркар Марко Јариќ и ја донесе на свет малата Валентина. Таа објави дека поради породувањето привремено ќе се повлече од модната писта, а нејзината заработувачка за минатата година изнесуваше 7 милиони долари. Помеѓу првите десет се најдоа и наталија Куркова, Керолин Марфи и др.