Жизел очекува бебе
19.06.2012 08:01
| KumanovoNews
Најплатениот модел на светот, Жизел Бундшен првпат е сликана минатиот викенд кога авионот слетал во Рио.

Папараците убавата манекенка ја пречекале на аеродромот и ги направиле првите фотографии на кои се гледа трудничкото стомаче на Жизел.
Најплатениот светски модел со сопругот, рагбистот, Том Брејди, го очекува второто дете, а го имаат двегодишниот син Бенџамин. Иако Жизел сеуште не потврдила дека е бремена, извори блиски до моделот тврдат дека е.
Да, бремена е, влезе во третиот месец на бременост. Том и Жизел се исклучително среќни заради тоа- рекол близок до двојката.