Мени

Златна Бубамара на популарноста ги руши своите рекорди

24.01.2014 08:25 | KumanovoNews

Златна Бубамара на популарноста оваа година ги надмина сите свои очекувања.

Златна Бубамара на популарноста ги руши своите рекорди

Изминатите 10-тина дена организаторите се изненадени од резервациите и продажбата на билети.

Сега за сега продадени се околу 5.000 резервации и поради големиот интерес организаторите размислуваат шоуто да го преместат во големата сала.

Тие скромно го најавија настанот, но очигледно е дека и без реклама, обожавателите сакаат да бидат дел од големата забава, хуморот, музиката и сатирата на популарните македонски ѕвезди од македонските и балканските простори.