×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто луѓето се плашат да бидат сами

    12.12.2019 21:45 | KumanovoNews

    Ние сме создадени за да бидеме во врска со други луѓе.

    Зошто луѓето се плашат да бидат сами

      Да се биде сам означува различна состојба за повеќе луѓе. За некои тоа е време за да се занимаваат со сопствените интереси, да бидат продуктивни или да се вклучат во грижа за самите себе, да се фокусираат на пријателите и на сопствената кариера, но, пак од друга страна за другите идејата да се биде сам е застрашувачка.

    * Што значи да се биде сам?

    Длабокиот страв да се биде сам, односно да не се биде во врска, најчесто е потреба да се има романтична врска, велат психолозите. Кога станува збор за изборот на партнерот, за останување во врска со одредена личност, а притоа и враќање и на личноста која претходно ги напуштила се тешки одлуки кои луѓето ги донесуваат, а притоа речиси секогаш се погрешни. Луѓето почесто ќе изберат да го изневерат партнерот, отколку да ја раскинат врската и да бидат сами, па потоа да бараат "друго решение".

    * Зошто стравот да се биде сам е поврзан со донесување на одлуки за стапување во врски?

    Најчестите причини, велат во психолошките истражувања, се загриженоста за тоа што ќе кажат другите луѓе, што мислат соработниците ако ја завршите врската и одново останете сами итн. Всушност,  стравот од тоа да се биде сам е всушност страв од тоа што ќе каже околината.

    Но исто така велат психолозите, оние луѓе со помала самодоверба најчесто се во врска и им е страв да бидат сами, затоа што сметаат дека можеби нема да успеат да оформат друга врска. Па така од нивната сегашна врска прават идеал, а на партнерот му препишуваат позитивни карактеристики кои и не ги поседува.

    Исто така за луѓето да се биде сам значи и чувство на неуспех. Ако не се во врска чувствуваат дека нешто не е во ред со нив, па затоа воопшто не е чудно што денес е срамота да се каже дека некој е „сингл“.

    Добрата вест е тоа што некои личности по одредено прекинување на врската всушност созреваат и учат нови работи.

    Ако некој е во состојба да ги надмине емоционалните и рационалните предизвици на раскинувањето и да биде отворен за идејата да расте и додека е сам, тогаш нему му се отворени вратите за можноста за позадоволителна идна романтична врска, заклучуваат психолозите.