×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Балканските земји губат милијарда долари поради долгите чекања на граница

    02.09.2018 17:11 | KumanovoNews

    Земјите на Балканот губат 1 милијарда долари годишно поради долгите чекања на граница, затоа е значаен концептот за заеднички гранични контроли меѓу земјите во регионот, рече премиерот Зоран Заев, кој заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на граничниот премин Табановце - Прешево го промовираа проектот за интегрирано гранично управување. 

    Балканските земји губат милијарда долари поради долгите чекања на граница

    - Податоците од Светска банка покажуваат дека на Балканскиот полуостров се губи една милијарда долари годишно чекајќи на граничните премини. Транспортните средства или камионите 80 отсто од времето го поминуваат чекајќи на граница, а 20 отсто од времето по автопатите и патиштата на Балканот. Сите тие податоци ни кажуваат дека треба брзо да делуваме и да им помогнеме на стопанствениците, трговијата и стоковата размена што се случува на Балканот. Тоа е нашата функција да бидеме од корист на граѓаните и на стопанството, - изјави премиерот Заев.

    Претседателот на Република Србија Алксандар Вучиќ, рече дека Србија и Македонија се првите земји во регионот кои ќе започнат ваква соработка.

    - Суштината на резултатите на крајот се луѓето да не губат двапати време за иста работа на овие 500 метри или километар. На едно место да ги извршат сите прегледи, царински, ветеринарски и да се задржат двојно помалку отколку сега. Тоа е од големо значење и за едната и за другата земја и за стопанската соработка и туристите. Тоа дополнително ќе ги потикнее луѓето да го користа овој премин и да поминутаат низ нашите земји многу побргу и многу поедноставно, - изјави Вучиќ.

    Вучиќ и Заев најавија дека до крајот на годината ќе се потпишат сите билетерални договори и спогодби помеѓу Царините на Македонија и Србија, МВР, Фитосанитарната управа, Ветеринарските служби, а по одржување на заедничката владина седница и официјално ќе стартува овој значаен проект.

    Со овој проект, полициските, царинските, ветеринарните, санитарните и сите останати контроли за патници и стока на Македонија и Србија се спојуваат во една служба на граничниот премин Табановце – Прешево, со што времето на чекање за влез или излез на патници и стока од двете држави ќе се скусува на пола. Ќе има само едно застанување и објектот што ќе ги опслужува границите на двете земји се наоѓа во Табановце.

    Проекот заедничко гранично управување се реализира преку Светска банка, а предвидено во Регионалниот план за економска интеграција за Западен балкан, што премиерите лани ја потпишаа во Трст.