×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во СВР Куманово одбележан Денот на македонската полиција

    07.05.2024 11:32 | KumanovoNews

    Во СВР Куманово денеска беше одлежан 7 Мај - Денот на македонската полиција. По тој повод, делегацијa предводена од началникот Никица Петрушевски положи цвеќе пред споменикот на загинатите полицајци во Диво насеље.

    Во СВР Куманово одбележан Денот на македонската полиција

    „По повод 7 Мај - Денот на македонската полицијата, претставници од СВР Куманово положија свежо цвеќе на споменикот пред СВР Куманово подигнат во чест на загинатите припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во вооружениот терористички напад во „Диво насеље“ во мај 2015 година“, соопштија од полицијата.

    Централната прослава на МВР ќе се одржи во општина Аеродром, Скопје каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.  

    На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата.