×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Духовна и џез музика пред велигденските празници во Куманово

    18.04.2019 11:33 | KumanovoNews

     Концерти на духова на џез музика организира Општина Куманово во пресрет на големиот празник Велигден.

    Духовна и џез музика пред велигденските празници во Куманово

    Првиот концерт ќе се одржи утре (петок) во 19 часот во црквата „Свети Никола“ во Куманово, ќе настапи византискиот хор „Св.Нектариј Битолски“.

    Вториот концерт посветен на џез музиката е закажан за наредната недела, во среда, во 20 часот во Занаетчискиот дом Куманово. Ќе настапи Филип Стевановски бенд.

     „Програмата на хорот „Св.Нектариј Битолски“ е специјално посветена во чест на најголемиот христијански празник Велигден и ќе трае шеесетина минути. Вториот концерт на бендот Филип Стевановски, ќе биде со нивна обработка на џез нумери. Ве повикуван да дојдете и да уживате во музиката“, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

     Концертите се дел од Годишната програма на секторот за култура во Општина Куманово.