×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката „Ангел Шајче“ слави 60 роденден

    09.05.2018 14:21 | KumanovoNews

    Градинката „Ангел Шајче“, во петок  во 12 часот со голема приредба во спортската сала Куманово, ќе го прослави 60 години постоење и успешна работа.

    Градинката „Ангел Шајче“ слави 60 роденден

      Под мотото „Низ времето патуваме и роденден прославуваме“ на приредбата ќе учествуваат дечиња од шестте објекти на градинката.

    „Ќе ни претставува голема чест и огромно задоволство доколку родителите и граѓаните масовно дојдат на приредбата и со своето присуство ја збогатат нашата прослава, по повод шест децении постоење, работа и создавање дела за нашата градинка. Генерации деца се дружат, забавуваат истовремено учат низ игра и растат. Во нашата јубилејна програма ќе настапат над 450 деца, кои ќе ја испратат пораката дека детството, грижата, љубовта и играта се нераскинливо поврзани“, -изјави директорката Марина Алексовска.

    Таа додава дека љубовтта и грижата кон децата е нивна основна обврска, а децата преку играта и музиката осознаваат и се радуваат, во заедничките игри се социјализираат и затоа во таа насока ќе биде и приредбата.

    На приредбата се очекуваат гости од општината и министерствата.