×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на македонски стрип автори во Куманово

    18.09.2019 08:17 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре (четврток) во 20 часот, ќе биде отворена изложба на „Македонски стрип автори“.

    Изложба на македонски стрип автори во Куманово

    Пред кумановската публика ќе бидат претставени следниве стрип автори: Јорданчо Давидовски, Предраг Ѓоргиовски, Мишко Хрдличка, Љупчо Филипов, Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Ване Трајков, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Јана Бутеска, Емилија и Стојче Тоциновски, Јана Илиевска, Стајковци, Лазар Ангелков,Оливер Цветковски, Тоде Блажевски, Илко Стојановски, Александра Ристевски, Андреј Ангелковиќ, Ѓорги Антевски, Елхида Елезовска, Милан Милиќ, Васил Гаврилов, Мирко Бојаџиевски, Александар Стеванов, Катерина Тери Николовска Марија Стојановска.

     Стрипот на овие простори беше популарен во периодот од 1970 – 90 година. Поради модерниот пристап кон работите, односно издавање на стрипот во електронска форма, печатениот стрип скоро и да исчезна од јавниот простор.

    Поради истите причини, целта на настанот е промоција на македонската стрип култура и стрип автори од Македонија, од различни генерации

    Изложбата на македонските стрип-автори е организирана од НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово,  во соработка со Македонскиот стрип центар од Велес.

    Оваа изложба е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република  Македонија.

    Македонскиот стрип центар во Велес е формиран во 2002 како продолжение на Здружението на љубители на стрип -„Стрип Арт”, формиран во 1995 година. Целта на стрип центарот е:  заживување и афирмирање на македонскиот стрип низ разни средини и заедници, мегусебно организирање на стрип чинителите во Македонија, како и афирмација и практична примена на можностите што ги дава стрипот во разни сфери на општеството.