×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за двајца учесници во вооружената престрелка во Куманово

    02.11.2018 10:42 | KumanovoNews

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово,  нареди да се спроведе истражна постапка против две лица од деветмината, кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово во која животот го загуби едно лице.

    Притвор за двајца учесници во вооружената престрелка во Куманово

    Двајцата осомничени се гонат за сторено кривично дело убиство од член 123 став 1 и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

    Јавниот обвинител ценеше дека за обезбедување на присуство на двајцата осомничени, како и заради натамошно обезбедување на непречен тек на постапката има потреба од определување на мерка притвор. Затоа до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово достави предлог  кој со решение  е прифатен од страна на судот и на двајцата осомничени е определен притвор во времетраење од 30 дена, - соопштуваат од Јавното обвинителство.

    Останатите седум осомничени јавниот обвинител ги гони за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Како што веќе информиравме, престрелката која се случи на 31 октомври 2018 година на улицата Тоде Мендол во Куманово, беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства. По употреба на огнено и ладно оружје , едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, но се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.Истражната постапка продолжува со прибирање на материјални и вербални докази за целосно расчистување на кривично правниот настан.