×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 8 сантиметри снег, -5 минимална температура

    10.01.2019 08:45 | KumanovoNews

    Во Кумановскo, утринава во 7 часот измерени се 8 сантимерти снег, а минималната температура ноќеска изнесувала - 5 степени Целзиусови.

    Во Куманово 8 сантиметри снег, -5 минимална температура

    Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи најмногу снег напаѓало во Маврови Анови 73 сантиметри, а најладно било во Тетото - 7 степени.

    Моменталната состојба е облачно со локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет.

    Врнежите од снег околу пладне ќе засилуваат. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови од земјава, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и за над 20 см. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.   

    Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег, кои околу пладне ќе бидат со засилен интензитет. Максималната температура ќе достигне околу -1 степен.

    Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.