Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската комисијата за недвижен имот започна со проценка на имотот во колективните стамбените објекти во централното градско подрачје. Препроценување на имотот уследи по воведувањето на новата методологија за проценка за да се добие реалната пазарна вредност на имотот.
" Досега граѓаните сами го проценуваа својот имот, а отсега таа работа ќе ја врши комисијата. Со тоа ќе се одреди вистинската пазарната вредност, а не како што со години наназад беше видлива таа разлика"- вели раководителот на секторот Зоран Павловски.
При утврдувањето на вредноста на објектот се зема во предвид, атрактивноста на стамбениот објект, катноста, материјалот од кој е изграден, близината на трговски центри, училишта и комнукациски врски.
Оваа е прва фаза од репроценка на имотот која се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе стартува проценка на имотот на индивидуалните објекти во градот. Во наредната година ќе се врши проценка на имотот во рураланите средини. Во Куманово приближно има 25.000 индивидуални објекти, каде наплатата се реализираше до 80%.
Со новата методологија се очекува зголемување на приливот на средствата од данокот на имот за околу 70%. Овие средства ќе се употребат за инфратруктурни вложувања на општината.