Мени

Во Македонија Ден на жалост

Во Македонија Ден на жалост

 Во Македонија денеска е Ден на жалост, откако синоќа Владата ја донесе оваа одлука  по повод трагичната смрт на претседателот на Република Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високи полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа што се случи на 10 април во рускиот град Смоленск.

Учениците од „Магдалена Антова„ ќе ја бојкотираат наставата

Учениците од „Магдалена Антова„ ќе ја бојкотираат наставата

 Советот на родители од основното училиште „Магдалена Антова“ од населбата Карпош, донесе одлука  утре да нема настава во училиштето. Причина за бојкот е поради нерешениот проблем со пуштање во употреба на спортската сала „Панко Брашнаров“ за одвивање на настава по физичко образование.

Транспарентна Општина - информирани граѓани

Транспарентна Општина - информирани граѓани

  Транспарентна Општина е проект што го реализира Заедницата на единиците на локалните самоуправи во 14 Општини во државата.Во рамките на проектот денеска се одржа работлиница во Куманово, на која присуствуваа претставници од различни сектори од Општината, од месните зедници и невладините организации.

Стечајците не протестираа на Табановце

Стечајците не протестираа на Табановце

 Стечајните работници денеска не го блокираа граничниот премин Табановце и покрај минато неделните најави. Поради Велигденските празници не можеле да обезбедат  пари за превоз, но најавуваат дека наредниот вторник повторно ќе се вратат на протести пред Владата, а во петок ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово.