Новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени 3-ти мај е Светскиот ден на слободата на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија и оваа година го одбележува денот со акцијата Пет минути громиогласна тишина. Новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени, закани и експресни пресуди. Затоа, мораме да го дигнеме својот глас против ваквите тенденции.
Кумановци ги запоседнаа излетничките места Најголем број кумановци Први мај го прославија во селата Пелинце и Скачковце и на Студена Вода и ."Првомајскиот пикник" организиран од невладините организации и на Синдикатот беше масовно посетен од граѓаните, бидејќи покрај организираниот превоз за посетителите имаше и ручек.
Само половина деца во Средорек се вакцинирани Половина од децата во кумановската населба Средорек не ги примиле редовните вакцини.Со оглед на хигиенските услови во кои живеат постои реална опасност од ширење на заразни болести.
Куманово ќе го одбележи Денот на Европа Денот на Европа-9 мај и Денот на победа над фашизмот,Локалната самоуправа и Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции ќе го прослави со повеќе активности. Во програмата ќе се вклучат и Европско движење-огранок Куманово, основни и средни училишта и локалните младинските невладини организации.
Министерот за здравство во Средорек Министерот за здравство Бујар Османи, денеска напладне ќе го посети пунктот за теренска вакцинација во ромскската населба Средорек.
Во Куманово се одбележува Неделата на имунизација Лекарите од Центарот за јавно здравје во рамките на Европската недела на имунизација, посетија неколку средни, основни училишта и градинки, каде одржаа предавање за значајноста на имунизацијата.Екипите од Детскиот диспанзер и екипите од амбулантата "Тоде Мендол"ја реализираат вакцинацијата.
Дваесет и шеста седница на Совет Утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и шестата седница на Советот.
Викендичките на Пчински пат ќе добијат вода Жителите на куќите и викендичките лоцирани на патот кон селото Пчиња, наскоро ќе бидат приклучени на градската водоводна мрежа. Во тек се градежните работи на ЈП „Водовод„ за изградба и поставување на цевковод во должина од 800 метри.
Стечајците ќе продолжат со протестите Стечајците од Здруженито Унит не се задоволни од односот на полицијата за време на протестите на Собранието во Скопје. Игнорантскиот однос на службените лица допринеле еден стечаец да биде полесно повреден од возило кое се обидело да помине низ толпата, а на друг му се слошило, поради што бил пренесен во градската болница.
Неделава постабилно, за викенд променливо И оваа работна недела ќе започне со дожд. Според прогнозите денеска ќе преовладува oблачно време со врнежи од дожд и максимална температура до 20 степени.
Едукација на наставници кои работат со хендикепирани деца Во ОУ„Браќа Миладиновци„ се спроведе обука на наставниците од одделенска и предметна настава за применување на програмата во воспитување и образување на учениците со посебни потреби.
Општината се грижи за животната средина Преку проектите што ги реализира Општина, Куманово е водечки регион во заштита на животната средина и преземање мерки за нејзино зачувување.
Првомајски пикник на Студена вода Во месноста Студена Вода во селото Добрешане,невладините организации ќе организираат „Првомајски пикник“. Пикникот е замислен како општонародна веселба на која се поканети дувачки оркестри од Штип, богата културно-уметничка програма, натпреварување во традиционалните кумановски игри: на зенгију, фрлање на камен од рамо и др.
Награда за сообраќајна култура во „Браќа Миладиновци„ Учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци„ освоиа второ место на државниот натпревар за безбедноста во сообраќајот што се одржа во Скопје. на државниот натпревар учествувале 24 екипи од осум региони од државата.
Ромите на протести ги бараат исчезнатите деца Стотина роми од кумановските населби „Средорек„ и „Бавчи„ излегоа на протест по улиците во градот со цел да го свртат вниманието на надлежните институции за поголемо ангажирање и пронаоѓање на исчезнатите деца.
Глобална недела за вклучување на децата во образованиe Под мотото „Една цел: Настава за сите„ од денеска започнува Глобалната кампања за вклучување на децата во образованието.