×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стопирани уписите за вонредно учење во медицинските училишта, за да се спречи одливот на кадри, одлучи МОН

    23.03.2023 08:11 | Сузана Николиќ

    Во средните медицински училишта ќе се запишуваат само редовни ученици, т. е. запишувањето на вонредни ученици се става во мирување почнувајќи од мартовската испитна сесија, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    Стопирани уписите за вонредно учење во медицинските училишта, за да се спречи одливот на кадри, одлучи МОН

    Оттаму велат дека оваа одлука е во согласност со напорите на државата за спречување на одливот на работна сила, која значително недостасува во здравствениот сектор. Статистиките велат дека во вонредно медицинско образование најчесто се запишуваат повозрасни граѓани, со намера да се преквалификуваат и да побараат работен ангажман надвор од земјата.

    „Одлуката на МОН првенствено е од интерес на процесот на создавање квалитетен медицински кадар. За разлика од редовните ученици кои освен теоретската, имаат и ефективна практична настава по стандарди утврдени во наставните планови и програми, за вонредните ученици по медицина, можностите за пракса во реални условисе значително ограничени“, вели Министерството.

    Според МОН, дополнителен предизвик е и тоа што уписот во вонредно образование нема ограничувачки квоти.

    Иако овие професиии се барани во земјава и странство, сепак не сите лесно и брзо доаѓаат до работа. Во Центарот за вработување во Куманово чекаат работа над 210 медицински сестри и дваесетина од другите медицински профили.

    Во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, во кое има насока за медицински сестри и секоја година има голем интерес за редовен и вонреден упис на ученици. Во моментов, во училиштето има запишано над 160 вонредни ученици и исто толку во редовна настава во петте паралелки на македонски и албански јазик.

    „Имаме запишано вкупно 165 вонредни ученици во здравстената струка во сите наставни години. Од нив 128 се ученици со настава на албански јазик, а 37 на македонски јазик. Во редовна настава секоја година имаме по две паралеки на македонски и три на албански јазик, кои имаат од 30 до 35 ученика во еден клас“, изјави Драган Јаневски, директор на училиштето „Наце Буѓони“.