×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Контролор во Југ-турист незаконски земал дневници за службени патувања

    02.03.2013 16:58 | KumanovoNews

     Л.С.(52) од Куманово вработен како координатор во „Југ Турист“ АД во стечај на Автобуска Станица во Куманово и М.С.(61) од Скопје, стечаен управител на „Југ Турист“ во стечај, заработија кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

    Контролор во Југ-турист незаконски земал дневници за службени патувања

    Во периодот од 2008 до 2011 година, Л.С. се допишувал на списокот за дневници на возачите на „Југ турист“, иако не работел како возач. Притоа во 20 наврати од благајната на претпријатието подигнал средства во износ од 107.260 денари на име на дневници за остварени службени патувања, кои претходно биле одобрени од страна на М.С.