×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го очекуваат поубави денови

    28.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Во оваа тешка економска криза, благодарение на луѓето кои работа во странство се одржа економската ликвидност на градот. Кај нас не се почувствува многу падот на прометот на недвижнини, изградбата на стамбените објекти...

    Куманово го очекуваат поубави денови

    Градоначалникот со своите соработници има јасна визија за развој на градот, а најголема желба му е во неговиот мандат е да се изгради новата зграда на Општината. Како семеен човек, очекува во новата година да му се вработат двете ќерки, а најголемо богатство му е здравјето на неговото семејство и пријателите.

    По што ќе ја запаметите оваа година?

    2009 година беше изборна година на локално ниво, што претставуваше прва проверка за спроведената децентрализација во државата. Таа покажа дека успешно го помина својот прв испит, бидејќи некаде околу 30 одсто од старите градоначалници повторно ги добија мандатите и беа реизбрани. Тоа беше еден од најголемите успеси за Куманово и левицата во Македонија. Куманово како најголема локална самоуправа се етаблираше на политичката сцена, како град кој има раководство со визија да го води во просперитетна и прогресивна насока, да го гради и да го профилира во проевропски и прозападен дух. Куманово го продолжува својот пат кој го започна пред 4 години и ќе се трудиме во наредниот период да реализираме неколку капитални проекти со кои дефинитивно ќе влеземе во еден нов циклус на изградба и менување на неговиот лик.

    Зоран ДамјановскиКои се тие проекти што ќе се реализираат во 2010 година?

    Локалната самоуправа го има зацртано концептот и програмските определби за развој на градот. Во наредниот период ќе работиме на довршување на процесот на гасификација и се надеваме дека од март ќе започнеме со дистрибуција на природниот гас. Истовремено го изготвуваме и проектот за 6 регионални пречистителни станици и регионални канализациони системи со што Куманово ќе го заврши процесот за пречистување на отпадните води. Проектот ќе чини околу 6 милиони евра, а ќе биде финансиран од средства од австриската Влада од кои дел ќе бидат грант. На почетокот на летото ќе започне и проектот за изградба на подземните катни гаражи и трговскиот центар на плоштадот "Маршал Тито" и катна гаража кај Зелениот пазар со што Куманово ќе влезе во процесот на решавање на сообраќајниот хаос во градот. Во почетокот на 2011 година се надеваме дека ќе започне и изградбата на новата зграда на Локалната самоуправа на местото Черобенско ќоше.

    Колку сте оптимист дека Куманово го чекаат поубави денови во наредната година?

    Во оваа тешка економска криза, благодарение на луѓето кои работа во странство се одржа економската ликвидност на градот. Кај нас не се почувствува многу падот на прометот на недвижнини, изградбата на стамбените објекти и инвестициите. Се надевам дека и во наредниот период тој тренд ќе продолжи и кризата ќе остане зад нас. Очекувам дека годината што доаѓа ќе донесе подем во развојот на нашиот регион и Куманово ќе се врати на старите патеки и како некогаш ќе биде една од најразвиените општини во Јужен Балкан.

    И оваа Нова година организирате голем концерт на Градскиот плоштад.Тоа стана традиција.

    Ги следиме трендовите на модерните светски метрополи Новата година да се чека организирано со познати светски имиња. Оваа година тоа ќе биде Северина Вучковиќ од Хрватска и тоа ќе значи уште еден предизвик луѓето да дојдат во што поголем број. Се надевам дека времето ќе не послужи и неколку часа ќе се опровеселиме и ќе направиме одлична журка за Новата 2010 година.

    Што очекувате во Новата година на приватен план?

    Јас сум семеен човек и имам две ќерки кои дипломираа. Едната е лекарка, другата е стоматолог, но и двете се не вработени. Очекувам да добијат работа и да се интегрираат во работниот систем на нашата држава. Тоа ќе биде големо задоволство и поради тоа што економски ќе се осамостојат, а со тоа ќе ги реализираат своите визии за понатамошниот живот. Тоа е мојата најголема желба, исто како и здравјето на моето семејство, моите пријатели и сите граѓани на Куманово.

    Ваша Новогодишна честитка до граѓаните?

    На граѓаните на Куманово им посакувам многу здравје, среќа, успех и пред се економски просперитет, бидејќи во овој момент тоа им е најпотребно!