×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србите во Македонија не се политички разединети

    15.02.2010 23:00 | KumanovoNews

    Србите согласно рамковната конвенција немаат уште информирање на српскиот јазик, а им недостасува и правото на слобода на вероисповест...

    Србите во Македонија не се политички разединети

    Лидерот на ДПСМ и пратеник Иван Стоиљковиќ, кој доби уште еден мандат да ја води партијата, смета дека неговото политичко дејствување во државата е многу признаено и тврди дека не постои значајна политичка личност во Србија што не застанала зад она што тој го работи во Македонија. Се надева дека наскоро ќе има напредок во разрешување на повеќедеценискиот спор помеѓу МПЦ и СПЦ, бидејќи најголеми жртви на нерешеното прашање се токму Србите во Македонија.

    Kако ја оценувате положбата на Србите во Македонија?

    Кога зборуваме за положбата на Србите во Република Македонија тоа прашање се разгледува од аспект на индивидуални и колективни права и слободи на граѓаните. Кога станува збор за индивидуалните права ќе биде многу глупаво да ги одвоиме Србите од останатите граѓани или од било која друга национална заедница, затоа што во овој момент сите ги делиме истите неблагодарни услови на живеење, предизвикани од светската економска криза, недоволниот економски развој на државата и недоволната ангажираност на стопанските субјекти. Кога станува збор за колективните права и слободи, тука имаме направено сериозен исчекор и во соработка со државните органи, успеавме во минатиот период да донесеме Закон за права на заедниците, во кој е предвидено и формирање на Агенција за правата на заедниците. Но, согласно рамковната конвенција останаа уште неколку недовршени работи. Тоа е информирањето на српски јазик, а недостасува и правото на слобода на вероисповест. Се надевам дека во наредниот период ќе има одреден исчекор во тој правец и ќе дојде до разрешување на повеќедеценискиот спор помеѓу МПЦ и СПЦ. Тоа ќе биде и наша активност, бидејќи ние не можеме да влијаеме на директен начин, меѓутоа можеме индиректно со сугестии и позитивен однос да дадеме свој придонес. Најголеми жртви на неразрешеното прашање се Србите во Македонија, бидејќи тие не можат да ги користат своите права.

    Иван СтоиљковиќНа изборното Собрание во Куманово неколкупати ги повикавте Србите во Македонија да се обединат. Очекувате ли оваа година да бидeте единствени, а не политички раскарани како во изминатиот период?

    Србите во Македонија воопшто не се политички раскарани. Во политичкото организирање постои една доминантна политичка партија, а тоа е Демократската партија на Србите во Македонија, што е верификувано на сите досегашни изборни циклуси.Кога повикав на обединување мислев на целокупниот српски потенцијал во државата. Тука пред се мислам на интелектуалниот, економскиот и потенцијалот на сите луѓе кои што досега од одредени причини не се вклучиле во работата на ДПСМ. Ние не само што сме најорганизирана политичка сила на Србите во Македонија, тука прераснуваме и во една од најголемите политички сили во државата. Од тој аспект е повикот на единство и здружување. Сметаме дека доколку го реализираме тоа што сме го замислиле ќе израснеме во мошне силна политичка партија, која ќе игра значајна улога во политичкиот живот на Република Македонија.

    Верувате ли во тоа, со оглед дека Србите во Куманово се најбројни, меѓутоа и доста поделени?

    Да немам визија за ова што го зборувам и да не верувам дека можам да го реализирам, најверојатно немаше да се кандидирам за претседател на ДПСМ во наредните 4 години.Таа своја идеја ја црпам пред се од личните афинитети кон оваа работа, а тоа го покажуваат досегашните резултати што сум ги постигнал. Една работа што е особено значајна, а ги обединува двете предходни, тоа е мојот личен углед во политичкиот живот на Република Македонија од една страна и од друга страна мојот личен политички улог во Република Србија.Не постои значаен политичар, значајна политичка личност или значен човек во Србија од страна на науката, естрадата, уметноста и културата што не застанал зад она што го работи Иван Стоиљковиќ во Македонија. Од тој аспект кога ќе ги обединиме сите овие работи, очигледно дека постојат елементарни предуслови за такво нешто, а времето ќе покаже дали сме на добар пат или не.

    Како ги коментирате настаните кои овие денови беа пласирани во медиумите дека постојат српски шпиуни меѓу новинарите?

    Многу интересно прашање од аспект што јас познавам дваесетина српски шпиуни меѓу новинарите во наводници, само затоа што комуницираат со претставниците на Српската амбасада во Скопје. Јас комуницирам со сите странски амбасади. Дали тоа се третира како таен соработник? Мислам дека многу лошо се толкува Законот за лустрација. Во случајот кога станува збор за документите против Латас, тоа се однесува на оној што ги дал документите, а доколку Латас е соработник на странските разузнавачки служби тогаш ние имаме Закон за кривична постапка со кој таквите дела се санкционираат. Ова е доста интересно подрачје, бидејќи остава простор за шпекулации и може да се манипулира со јавноста.

    По што ќе ја паметите предходната година?

    2009 година ќе ја запаметам по силниот пробив на ДПСМ во политичкиот живот на Република Македонија, како година во која имавме најголем број на активности и најголеми успеси. Се она што може човек да го постигне во работата за една година јас успејав тоа да го направам. Очекувам и оваа година успехот да остане барем на истото ниво, а добро ќе биде да се постигне и нешто повеќе од тоа.