×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старите градски семејства користеле француски и германски порцелан

    23.01.2015 23:00 | KumanovoNews

    Филџани за кафе, чинии, чаши, ламби, комоди, столици, маси, прибор за јадење и други предмети, кои богатите кумановски семејства во почетокот на 20 - от век ги користеле во своите домаќинства ќе можат да се видат во Уметничката галерија Куманово.

    Старите градски семејства користеле француски и германски порцелан

    Изложбата “Покуќнински предмети од стакло и порцелан 20 век“ ја подготви етнологот Милица Пешевска Николовска од Музеј Куманово и во наредните месец дена ќе биде отворена за посетителите.

    Станува збор за изложба од стотина предмети. Ние имаме уште, но овие се покарактеристични. Имаме една доста интересна и несекојдневна изложба “Покуќнински предмети од стакло и порцелан“. Целта ми беше на овој начин да ги покажам богатите градските семејства што живееле во Куманово, а другите не можеле да купуваат вакви предмети затоа што се носени од разни европски центри. Стаклото е од Англија, Чешка, Грција. Нашите градски семејства за трговија оделе во Грција, во Белград и од таму ги набавувале. Порцеланот е германски или француски. Триесетина кумановски семејства биле побогати од останатите и можеле да ги откупуваат овие сетови за вино, ракија, за секојдневна или свечена прилика.

    Што е специфично за покуќнинските предмети од почетокот на 20 - от век?

    Повеќе предмети се од стакло, помалку се од порцелан. Имаме две врсти на порцелан, мек и тврд. Тврдиот порцелан е направен од бела глина и се пече на 1500 степени и е многу карактеристичен, гравиран со цветни мотиви, позлатен од страна. Имало и прибор од вештачки материјал, од дробен, кварцен песок, алабастер, се ситни, се меша и дроби. Има и обични чинии кои и ден денес ние ги употребуваме дома. Тој прибор бил користен на семејни веселби, сабота, недела, но имало и семејства кои постојано ручале дома со таков прибор. Поголемиот број граѓани сеуште ги имаат овие предмети, но ги чуваат по подруми. Нормално, индустријата си донела нешто ново и одиме кон поинтересни форми. Затоа и ги правиме овие изложби. Некои луѓе кога ќе дојдат и ќе ги видат предметите велат „И јас имам такво боклаче, ама некаде во подрум ми е, или го фрлив, а можело во музејот да се донесе“.

    Како течеше прибирањето на експонатите за оваа изложба?

    Прибирањето траеше 10 или 15 години наназад, и го вршевме по пат на откуп или по пат на подарок. Имаме доста подарени предмети. Нашата сограѓанка Лидија Костиќ, вработена во Гимназијата “Гоце Делчев“ ни има подарено многу предмети. Изложбата е со амбиентален тип, се е поставено на маси, комоди како во тоа време, а има нешто и во витрини. Изложбата ја подготвував 6 до 7 месеци. Напорно е да се сработи, посебно кога немате литература, материјали, па морате да копирате и слично. Јас имав и добар тим, што беше мој дел од концептот, за изработка на каталогот, реализација на изложбата и без нив не ќе можев во овој рок да ја подготвам изложбата.

    Која е разликата ако се спореди мебелот и покуќината некогаш и денес?

    Ние денес имаме спални, дневни соби, а тие тогаш набавувале мебел од дрво за кој плаќале баснословни суми. Оние кои се резбани не верувам дека некој ќе ги подари, но и овие што ние ги имаме не се за потценување. Семејство Довезенски користеше соленик купен од Грција во 1920 година, и потоа ни го подарија. Тој е прекрасен, целиот од дрво, а одозгора со порцелан. И денес е така, секој купува според своите можностите.

    Бидејќи во Куманово прв пат организирате ваква изложба, очекувате ли голема посетеност?

    Точно, во Куманово досега немало ваква изложба. Етнолошките изложби побудуваат интерес кај публиката и верувам дека ќе има добра посетеност. Ќе почнат да се најавуваат од училиштата, да доаѓаат, да ја погледнат изложбата која ќе трае 30 дена.