×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Aegri somnia

    Филип Јаневиќ

    Најпрвин за професорите. Од она што можев да видам како студент на Правниот факултет кои професори излегоа на протестот слободно можам да кажам дека најголемиот број студенти за тие професори имаат само позитивни оценки за нивното работење, почнувајќи од присутност и квалитет на предавањата, па се до нивната достапност за студентите. Тука е најпоголемиот проблем. Имено во првите борбени редови излегуваат професори кои ја заслужуваат таа титула,  и на свој грб ги шлепуваат оние, кои студентите неможат ни да ги видат на предавањата, а не да чујат нешто од нив. Тоа се оние професори на кои кутрите демонстратори им вршат се: од варење кафе до преведување на трудови и држење предавања на студенти. Тоа се истите кои ви кажуваат во која книжарница ќе треба да ја купите книгата (читај скрипта) од која треба да учите, а како потврда на тоа ќе ви го запишат бројот на индекс…итн,итн. Верувам дека ова го знаат и самите професори кои што се во првите борбени редови. Меѓутоа камо среќа целиот проблем да завршуваше на ова, но за жал коренот е малку подлабок. Имено во овие 20 години професорската фела не успеала да се заштити не од власта, ами од самата себе. Колку само професори безпоговорно се ставаа во функција на било која власт во изминатиот период и во нејзина корист зборуваа, пишуваа, објаснуваа, но и најстрашното, молчеа  за многу економско-општествени случувања во Македонија, иако како интелектуална елита беа најповикани за тоа. Самиот факт што платото пред УКИМ не „крцаше„ од студентите со подршка за своите професори, е доволен доказ дека “нешто е труло и болесно  у држави Данској”. Мене ми е јасна намерата на власта да сотре се што е критичко во оваа држава, а во оваа битка самите професори дозволија таа да влезе со гол предност.

    Министерот пак е посебна прикаска. Објаснувајќи ја подршката што демек овој предлог- закон ја добива од сите студенти (тоа се виде со сите 50 младинци на ДПМНЕ пред УКИМ) и од поголемиот број на граѓани. Епа г-дин Министер ајде вака, нека Владата направи еден предлог- закон со кој ќе ги укине сите даноци што граѓаните треба да ги плаќаат на оваа држава и видете каква ќе биде подршката. 102,5 % За, што би рекол Амди Бајрам. Меѓутоа усвоивте ли таков закон ни пропадна државата и нејзиниот фискален систем за помалку од 24 часа. Затоа не извртувајте работи и половично казани тези.

    На критиките на републиканците за Обама, дека во услови на криза премногу вложува во образованието и истражувачки цели, тој на еден свој неодамнешен говор им објасни дека ако тие пари не одат токму во образованието и науката, тоа е како да се обидувате да олесните авион со тоа што ќе му извадите еден мотор. Со оние бедни 0,18 % издвојувани од буџетот за наука неможете да очекувате ни скица за едрилица да направите, а министерот сака “Boeing Dreamliner” високо образование. Очигледна е намерата да се извалка секоја професија, па така после докторите, новинарите… на ред дојдоа и професорите.

    Еден необичен феномен е студентот во Македонија, феномен кој верувам дека некои идни генерации од книга и стручна литература да читаат за тоа. Јас навистина незнам во која држава Студентскиот сојуз застанува во одбрана на било која владина одлука, па уште и на протест т.е. давање  подршка. Значи студентските домови се полоши од затворските келии во Идризово, само со партиска книшка може да добиете место во некој од нив, немате никакви бенефиции за тоа што сте студент, во 21 век нема просторни услови за студентите, па наместо група од 20 до 30 студенти што би требало да биде според ЕКТС системот на предавање, имаат по 130 студенти. Амфитеатрите за никаде, а единствена активност на тој т.н. Студентски сојуз во текот на годината е да дели гратиси за ефтини турбо-фолк забави. И сега претседателот на тој сојуз (кој патем апсолутно никој студент не го чуствува за студентски) објаснува како сите студенти дале подршка за законот. “Ово нема ни у Београду”. Еве конкретен предлог ако веќе запнале со усвојување на законот. Да неможе лице да биде претседател на студентски сојуз на УКИМ доколку негов родител е вработен на истиот тој универзитет како професор, или да се изразам со одредба од законот-роднина по крв, во права линија до кој и да е степен. Епа истиот тој млад господин е токму во таква положба. Меѓутоа младичот најмалку е крив до кој степен ни е студентското движење во Македонија. Тоа денеска претставува огледало на севкупното општествено живеење во државата-крајно политизирано, разбиено, поделено, апатично, аморфно, некреативно, безидејно и изгубено. Ова што ни се случува е пораз на здравиот разум, и секој со малку разум треба да се чувствува поразен. Без разлика на тоа дали професорите ќе успеат да вметнат некоја своја одредба во законот или пак да избришат постојачка, последниве случувања неможам да ги толкувам никако освен како пораз на македонското граѓанство и неговиот концепт (ако воопшто го има). Единствен победник е врхушката на ДПМНЕ кои пред себе сега имаат бришан простор да “прошируваат и надградуваат”. Нека ова трескање од земја биде почеток на едно рестартирање на стандарди, принципи, рестартирање на методи, на самиот поим политика, па да бидам и порадикален за нов “social contract” во македонското општество.

    Студент и секретар на ЛИДЕМ Куманово

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*