×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • АЛО, ПОЖАРНА?

    Бране Петрушевски

    Овие два збора од насловот секогаш први ги изговараме во случај на пожар. Периодов бевме сведоци (се надевам дека нема да се повторат до објавување на колумната) на низа големи пожари, како во Македонија, така и во нашата општина Куманово. Ваквите катастрофи и непогоди секогаш ги издигаат на површина сите дефекти и аномалии на системот за заштита и спасување и системот за управување со кризи. Ненавремена реакција, некоординираност помеѓу институциите, немањето доволно опрема и механизација се само дел од аргументите зошто дефинитвно ни е потребна комплетна реформа на целиот овој систем.


    Единствено не потфрлија пожарникарите, кои пожртвувано, со тоа што располагаат и по 20 часови се бореа со огнените јазли, ни најмалку штедејќи се. Огромна благодарност, но да не се сеќаваме на нив само кога имаме пожари. Градоначалниците сегашни и идни, Владата сегашна и идна, да се откажат од своите удобства и нови службени возила, и да им обезбедат пристојна плата, квалитетна заштитна опрема, против-пожарни возила и механизација. Не може да се потрошат 10 милиони евра во последните 3 години само за нови службени возила на функционерите, а просечната старост на против-пожарните возила да ни е 28 години. Едноставно не може!


    Не може државата да има 2645 службени возила, а само 220 против-пожарни и 183 амбулатни!? Едноставно не може!


    Големината на штетите од пожарите е неспоредлива со потребните финансиски средства за пожарникарите да бидат уште поуспешни. Неопохдно е сега, кога ќе нема пожари, да се интервенира, да се реши нивниот статус со закон. Да имаат достоинствена плата, да имаат квалитетна заштитна опрема и соодветни возила и механизација. Ваквата превенција е најдобра заштита. А пари државата има, само помалку трошење на удобствата на функционерите. Тогаш ќе има и тоа повеќе од доволно.


    Ја користам приликава да изразам лична јавна благодарност до ТППЕ Куманово за нивната пожртвуваност, посветеност и надчовечките напори во тешки и субнормални услови да се борат со пожарите.
    Ако се сеќавате во време кога пандемијата косеше човечки животи, исти вакви апели како граѓани праќавме и до медицинските работници. Тогаш тие беа нашите херои... Кога пандемијата спласна, останаа во истите лоши работни услови, без истата неопходна медицинска опрема, со истите стари и малку на број амбулантни возила и со истите плати. Ситуациите ни се повторуваат, соодветни реакции од надлежните нема. А пари за луксузирање на функционерите има! 


    Неопходни ни се коренити промени. И промени во свеста, и во менталитетот, и во навиките, и соодветни законски измени. Вака веќе не бива! Не смееме повеќе да дозволиме да губиме човечки животи, да имаме огромни и непроценливи материјални штети, затоа што немаме соодветна опрема и подготвеност. Едноставно не смееме!


    А ве уверувам сите, идат подобри времиња за Македонија!

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*