×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аргументи за суштинските реформи во образованието

    Валентина Јовановска

    Образование, култура и спорт се компоненти кои доведуваат до подобрување на животот на граѓаните во општина во која што живеат. Владата на Р.Македонија предводена од  Премиерот Никола Груевски и понатаму продолжува со максимална заложба за квалитетен образовен систем и ги следи современите образовни трендови. Република  Македонија, од септември стана првата земја во регионот која го воведе Кембриџ образовниот систем, прифатен во 160 земји поточно во 9000 училишта.

    Ученици од прво и трето одделение веќе изучуваат математика и природни науки по целосно нова наставна програма и учебници прилагодени според наставната програма на Меѓународниот Центар за наставни програми на Кембриџ. Сакам да истакнам, а тоа го знаат и директорите на средните стручни училишта, дека оваа Влада предводена од Премиерот Никола Груевски, поточно министерството за образование и наука(МОН) планира изготвување  на наставни програми и планови, на стручни средни училишта и преку детално направени анализи,отварање на струки кои се поврзани со потреите на пазарот на труд.

    Преку воведување на проект “Компјутери за секој ученик”, сега е во тек и проектот на интерактивни табли а подоцна и таблет-компјутери за унапредување на процесот на реализација на државна матура која започна 2007-2008 год. , а почнувајќи од учебната 2013-2014 се воведе трет, а од учебната  2014-2015 и четврт екстерен предмет. Резултатот од третиот и четвртиот предмет ќе биде зголемување на објективноста на оценување на учениците, како и обезбедување на поквалитетна селекција при влез во Високото образование. Од страна на МОН е презентирана и стратегија на претприемачко учење (камен-темелник за економски раст и развој) со кој се зголемува бројот на мали и средни претпријатија, а со тоа и намалување не невработеноста. Според оваа стратегија, презентирана од МОН, се развива претприемачки дух кај младите, се создава основа и сила која во иднина ќе ја движи македонската економија и на европскиот и глобалниот пазар. Најновата реформа во образованието е во тек, а тоа е “Пакет на пет законски решенија”.

    Нов закон за Академија на наставници, нов закон за наставници во основни и средни училишта, измени и дополнувања на закон на Закон на Високо образование, нов Закон за Високо образовни установи на наставен кадар во предучилишна настава, основно и средно образование (Педагошки Факултет) и испит за директори за основно и средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење. Цел на реформите е создавање општество базирано на квалитетно знаење. Тоа е една од најприоритетни цели на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Никола Груевски.

    Првата пакет педагошка реформа Академија за наставници содржи едукација и континуирана обука на самите наставници со унапредување на наставната програма. Се предвидува професионален и кариерен развој на наставникот преку категорија наставник-советник и наставник-ментор придружен со зголемување на месечна плата на наставниците се воведува и систем на лиценцирање на наставникот, но не е задолжително и новиот концепт на едуцирање на менаџерски кадар кој ќе го води училиштето. Се надевам дека реформите ќе значат зголемување на квалитетот на образовниот систем во нашата држава.

    Владата на Република Македонија, во секој ресор спроведува реформи кои ќе се случуваат и понатаму, се со цел ,нашата земја што поскоро  да излезе од транзициското сивило  ,да се исправат грешките од минатото кои се плод на претходниот систем ,кој систем немал потреба да ги идентификува своите грешки и проблеми.

    Валентина Јовановска Советник од ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Јовановска

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*