×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бандити во Македонија

    Дејан Ристов

    Македонија цела година е претворена во гладијаторска арена,во која остана многу малку пристојни места на  кои се уште не зела замав демократизерската и квазиислободарска споулавеност на  управата во СДСМ и разни подржувачи од невладиниот сектор. Секој момент ,секој јавен простор и форум се користи за да се  дискредитира ВМРО-ДПМНЕ и при тоа воопшто не се бираат средства и начини како да се оствари целта.

    Една од главните тези кои доминираат веќе подолго време е дека се што прави ВМРО-ДПМНЕ е нереално и неодржливо,се е илузија. Деновиве се става акцент на вработувањата кои се создаваат преку многуте мерки преземени од Владата последните десет години, а кои според СДСМ се виртуелни и резултат на несериозна,криминална и корупциска политика на расипничката власт. Во последно време ставен е  фокусот на економијата преку една мошне агресивна негативна кампања за да се делегитимираат економските достигнувања на Владата,која со својата политика успеа да привлече многу странски инвеститори а тоа пак придонесе да се отворат илјадници работни места. Удираат силно на оваа тема, но без резултати.

    Користењето на пропагандни техники за изолација на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните, служат и  за да допрат до членството и симпатизерите  на партијата со цел нивно деморализирање што ќе резултира со нивно  откажување од криминалното раководство на партијата, кое според Зоран Заев и неговите следбеници, ја узурпира целата партија. Во прилог на ова се изнаслушавме од разни проопозициски експерти,кои во активистички занес се обидуваат да ја дефинираат  организацииската поставеност на ВМРО-ДПМНЕ,преставувајќи го како обична банда  која функционира по принципот на веќе познатите модели низ целиот  свет. Кулминација на ова банализирање на јавната дебата е колумната на Ѓорѓи Спасов(Методот на Пабло Ескобар 25. 03. 2016-Утрински весник) каде професорот прави паралела помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и познатиот нарко-бос  Пабло Ескобар кој бил мошне  популарен кај народот во 80-те и почетокот на 90-те години од минатиот век. Според професорот,во Македонија е воспоставен  мафијашки систем, кој се одржува со тоа што украдените пари власта ги дава како милостина на најсиромашните и гради болници,училишта и спортски сали а еден дел инвестира во разни лоби групи во странство кои ќе обезбедуваат  странска поддршка за власта. Професорот нуди еден заклучок подржан од блокот околу Зоран Заев, дека  секогаш има одредена маса на луѓе кои добиваат милостина  и при тоа  не ги интерсира од каде доаѓаат парите, важно е дека се тука. Толеранцијата спрема криминалот е многу голема и затоа според професорот на тој народ не му  било важно дали власта е криминална,туку колку проекти ќе реализира. Заеднички именител на сите овие пропагандни тези со кои секојдневно не бомбардира опозициониот блок е презирот кон граѓаните и нивната волја,преку исмевањето и карикирањето на нивното учество во политичкиот живот на државата. Екслузивноста да се креира политика и да се биде светилник кој ќе води кон едно слободно и демократско општество ја имаат само тие “Избраните” од опозицијата Целата оваа кампања е пред се насочена кон елиминирање на политичката улога на  ВМРО-ДПМНЕ со тактичко дискредитрирање на Никола Груевски . Токму затоа е и огромната посветеност во неговото профилирање од страна на медиумите  “проповедници на демократијата и слободата” во Македонија,како криминалец и болно суетен доктатор. Гротескно делуваат  обидите,  фикцијата за диктаторски режим која ја наметнаа,да ја илустрираат како целина од   разни мрежи на  криминални групи по трoјца(триади) четворица и повеќе членови,демек добро разработена криминална организација, која паразитира во државата и преставува голем товар од кој треба да се ослободиме ,а како нормална завршница на процесот се нуди,праќање на сите во затвор,укинување на ВМРО-ДПМНЕ или пак негово одржување но како маргинален политички фактор(како дел од многу поширока коалиција). Сцената е одамна поставена. Таа наликува на гладијаторска арена која нуди 24 часовна борба во која не треба веднаш да се реши  победникот,туку оној што се мести да загуби најпрвин треба,морално да се исцрпи и понижи за да не може да се поврати многу долго,откако ќе заврши оваа  срамна епизода . Сведоци сме на брутална хајка кон ВМРО-ДПМНЕ со  обиди за негово целосно компромитирање. Откако го обезличија и целосно дискредитираа СДСМ на ред е ВМРО-ДПМНЕ. Намерата е до некаде јасна,а тоа би имплозија  во структурата која ќе создаде повторно  фрагментирање на политичката десница во државата. Раскарана и поделена лесно со неа ќе може да се манипулира. Оттука ќе произлезе и потребата од формирање на многу поголеми коалицции односно концентрациони влади,во кои задолжително сите ќе мора да партиципираат ,посебно раководствоото на СДСМ кое сака без избори да дојде на власт ,затоа што знaе дека мнозинството од македонските граѓани даваат подршка на други политички фактори,најмногу на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ до крај ќе бара причини да се одложат изборите предвидени за 5-ти јуни,не се исклучени и протести.

    Нивните услови за фер и демократски избори се така поставени за да секогаш може да имаат забелешка дека не се реализирани. Тие како услов бараат слободни и реформирани медиуми,што е доста дискутабилно. Цело време избегнуваат да одговорат што точно подразбираат под ова. Дали се уште е во игра оној предлог кој сакаа да го наметнат а тоа е преку Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги,да воведат целосна контрола врз медиумите во државата?Се обидоа да постават таков состав во агенцијата,со дискрециони овластувања, каде што ќе доминира нивното сфаќање за медиумите ,нивни правила врз основа на кој ќе се филтрираат само најподобните медиуми во државата,останатите да ги снема,обележани со вечна етикета на апологети на измислениот груевизам. Уште поконтроверзно звучи реформирањето на медиумите. Еклатантна демонстрација на тоталитарната кампања што ја водат, а во насока на нивните реформски заложби,беше моментот кога Радмила Шеќеринска во интервјуто водено со Лидија Богатинова на Канал 5, делеше лекции за новинарство,како треба да се однесува новинарката,што треба да мисли а што не,што треба да ја прашува а што не смее, дрско и авторитарно надзборувајќи ја новинарката,обвинувајќи ја за се ,а претставувајќи се себeси како некој кој само што ја објавил апсолутната вистина. Се трудат да создадат претстава дека очите на целиот прогресивен свет се вперени во Македонија,и со голема возбуда чека и работи на тоа да се смени толку многу криминализираната и авторитарна власт. За Зоран Заев и Радмила Шеќеринска сите со нетрпение очекуваат да се случат промените оти целиот свет еве, не може да продолжи понатаму ако СДСМ- “прогресивната” не дојде на власт. Циркусот продолжува! До кога,не знам. Единствено што можам да кажам е дека трпението на народот е при крај!

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*