×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Чудесна Македонија

    Емил Ташевски

    1 Мај влече корени во барањата на американските синдикати во 1884 година да се донесе закон за осумчасовно работно време, кој никогаш не бил усвоен, па затоа имало голем штрајк, демонстрации и крвави немири во Чикаго. Работничките демонстрации на 1 мај 1886 година кренале на нозе 80.000 работници. 200 од нив загинале во судир со полицијата, додека осум биле осудени на смрт со бесење за наводно фрлена бомба, при што убиле седум и раниле 67 полицајци. Работниците кои тогаш работеле од 12 до 18 часот ги барале познатите три осмици - 8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа сон.

    На Балканот 1 Мај најпрвин се одбележувал во земјите кои тогаш биле под Австроунгарија. Најпрвин на територијата на денешна Хрватска, а потоа Словенија. Во Македонија по долго истражување дојдов до податок дека започнува да се одбележува од 1909 година но немам повеќе детали.

    Годинава добар дел од Европа и светот ќе демонстрираат и ќе штрајкуваат, а ние ќе ја следиме временската прогноза за дождот или облачноста да не ни ја расипат забавата.

    Читам деновиве по порталите дека се распродадени сите првомајски аранжмани. Имаше сé - од Дубаи, Истанбул, Виена, Венеција, Дубровник, Солун, Атина... Туристичките агенции велат дека се задоволни. Оние кои нема да одат во Дубаи, Венеција или Атина, ќе ги следат акциите на големите трговски центри - првомајски акции на месо за скара, пластични чинии и чаши, чадори, столици на виткање и јаглен.

    Дневникот на било која од телевизиите, како и секогаш, ќе започне со известувања од излетничкиот дел околу Скопје и Охрид, па ќе бидат вклучени студијата од границите со Грција и Србија.  Ќе ни покажат слики од мажи во кошули за скара, разновидна опрема за кампување и спорт, но и жени и деца на ќебиња и черги.

    Било кој  странец кој ги гледа овие вести многу лесно може да помисли дека дошол да ги посети најсреќните и најбогатите луѓе на светот.

    И ние, како и секоја година досега, ќе ги опустошиме месарниците, маркетите, продавниците за пиво и сокови и ќе се упатиме во блискиот излетнички простор за да се одмориме од безделничење.

    Додека оние кои живеат подобро од нас штрајкуваат барајќи правда, ние ќе се трудиме барем еден ден да заборавиме на неправдата.

    Затоа што за да се направи нешто поинаку, некој треба да покрене иницијатива. Оваа иницијатива треба да ја одобри синдикатот. А тој синдикат, во меѓувреме, ќе формира комисија која ќе испита дали оваа иницијатива воопшто има валидна основа или подобро е таму наесен да се закаже термин за голем штрајк.

    Зошто па ние да штрајкуваме и да излегуваме на улица во неработен ден?

    На крајот на краиштата, нема брзање. Пред две години имавме повеќе невработени од денес. Но, никој не објави дали бројот што во меѓувреме е во пад е резултат пред сé на луѓе заминати во странство, починати или едноставно непријавени на биро.

    Наместо како левичарска влада да го вратиме 2 Мај за празник и да ги поттикнеме луѓето да го кренат својот глас против секоја неправда, ние и натаму го празнуваме денот на ВМРО како организација во која членувале фашисти како Ванчо Михајлов. И малку е ова што ни се случува. Ги немаме оние работи меѓу нозете кои даваат храброст да направиме исчекор и да пркосиме.  Ги читам коментарите овие денови упатени кон професорите за дигнат глас. Истите оние кои на нашите деца им даваат едукација и знаење беа осудени од јавноста дека многу бараат. Осудени од истите оние кои 30 години се немаат тргнато од привилегиите на народната цицка.

    Македонија не смее да биде земја која луѓето ги изнајмува, а не вработува.

    Македонија не смее да биде земја во која кај доктор се оди со плико, а не со здравствена книшка, ниту, пак, земја во која се плаќа рекет наместо данок. Се повеќе луѓе кои немаат да платат сметки, кредити, кои немаат кога да бидат со своите деца затоа што сé повеќе работат, а сé помалку имаат. Чии семејства се распаѓаат заради сиромаштија. Не заслужуваат да добијат отказ пред пензија, кога никој не ги сака и немаат каде да се вработат.

    Па, среќен Први мај!

    Да го поминеме убаво во веселба и радост. Европа е стара курва како што милуваме да кажеме. Ние едноставно самите сакаме да сме далеку од неа. Америка ни е близу само кога сакаме да ги чистиме тоалетите во нивните воени бази и да запечалиме некоја пара. Во меѓувреме навиваме војната во Украина да биде подолга.

    Да нè послужи убаво време и да не ни ја намокри скарата од дождот.

    И да сфатат оние што останаа во Европа и светот дека се одмара за Први мај, а не штрајкува!

    Емил Ташевски, Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*