×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ембарго општина

    Филип Јаневиќ

    Најчесто група од неколку држави, обединети по принципот на заеднички интерес, воведуваат ембарго на некоја држава, се со една цел, да предизвикаат тешка економска состојба и со тоа да ја натераат државата на одредени отстапки, било на внатрешен било на надворешен план. Историјата познава еден куп вакви случаи. Така и денеска, кога дел од меѓународната заедница ќе и се "намерачи" на една земја и воведува санкции познати како ембарго. Инаку, ембарго е шпански збор кој во буквален превод значи "запленување".  Таквите санкции знаат да бидат тешки за жителите затоа што станува збор за добра (нафта, храна, вода, трговија) кои несомнено влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната севкупна економска состојба. Меѓутоа она што се поставува како прашање зошто се воведува ембарго за цела дадена држава кога последиците од таквото нешто ги чувствува сиот народ на таа територија, а не само политичкото водство кое е предводник на одредена политичка доктрина?

    Целата е следна, во една таква состојба, државата не е во можност нормално да ги сервисира потребите на граѓаните а уште помалку е во состојба да спроведува политики кои би значеле подобрување на стандардот на граѓаните. Аналогно на тоа, со текот на времето граѓаните притиснати од санкциите, бараат повлекување на ембаргото кон нивната земја, како би имале еден нормален и достоинствен живот. Истите граѓани се свесни дека таквата можност е возможна само преку 2 опции. Првата е промена на политичкиот курс на санкционираната земјата, а тој се променува со смена на политичката гарнитура и доаѓање на некоја нова која би била прифатлива за земјите кои го воведуват ембаргото (варијанта на која самите граѓани можат да влијаат) и втората, промена на политичкиот курс на земјите кои ги воведуваат тие санкции (варијанта на која граѓаните од санкционираната земја неможат или помалку можат да влијаат). Преку воведувањето на санкциите, се оди на факторот време, па така земјите кои го наметнуваат чекаат и во голем број случаи помагаат на внатрешен план во државата да се појават сили кои вината за една таква состојба нема да ја бараат во земјите кои го наметнуваат ембаргото туку внатре во самата земја. Секако, евентуалната промена на власт во една таква состојба би била прикажана како внатрешнополитичко збиднување на санкционираната земја .

    Е сега, каде е Куманово во целава оваа приказна? Овие години Куманово е под постојано ембарго од централната власт. Значи горе напишаното ставено на микроплан. Наместо сојуз на држави, ние имаме централна власт која Куманово како опозициска општина го третира како непријателска територија која треба да се освои преку ваков начин на дејствување.

    Како поинаку да се смета блокадата од 1,5 милон евра кои Куманово ги врати за земјиште кое ниту го користела ниту финансиски го експлотирала. Тоа е како вие да треба да ги платите сметки за ел. енергија за станот на вашиот комшија. Како да се објасни наметнатата давачка од 6.4 денари за сирова вода од Водостопанство Кумановско-Липковско поле кон ЈП Водовод, а во исто време општина Прилеп да плаќа 0,8 денари за истата услуга? Што е тоа ако не свесно туркање во банкрот. Има ли поексплицитен пример за состојба на ембарго, од тоа и двете езера, Липково и Глажња да се полни со вода, а половина град да е без вода, затоа што К-Л Поле игра "пушти-затегни" политика? Како да се протолкува во центарот на еден град да се потрошат небројани милони за еден куп споменици, а еден денар да не се инвестира во Споменик Костурница како симбол на еден град, на една борба за слобода, кој е под надлежност на Министерството за Култура.

    Јасна и евидентна е намерата на централната власт преку ваквата ембарго-стратегија, да чека промена на силите внатре во самата општина. Да се доведе општината на колена до тој степен, да не можат да спроведат никакви проекти од значење за локалната самоуправа, па така незадоволството да се насочи кон локалната самоуправа која не успеала да ги реализира замислените цели и планови, а не кон централната власт кој го наметнува ембаргото на најразлични начини. Директен упад на релација локална власт-граѓанин. Има уште еден куп вакви примери, забраната од мин. за финансии Куманово да подигне кредит од комерцијалните банки, блок дотациите за образованието со години се исти иако има неколкукратно зголемување на цената на бензинот и таа дупка се покрива од општинскиот буџет... Да се разбереме, Дамјановски си има свои гревови и од тоа нема бегање, но не постои општина во 24 години независна Македонија кон која централната власт подушмански се однесувала.

    Базен, Ј...О вас Базен

    Ударната точка на опозициска критика во градот е свртена кон олимпискиот базен кој сеуште се гради. Интересно, но токму во оваа точка ДПМНЕ е најслаб. Имено, еве цитат од нивната Преродба- надградена и проширена од 2008 година стр.182 „Во периодот 2008-2012 година ќе бидат изградени или ќе се започне со изградба на неколку базени со олимписки стандарди во сите или некои од следните општини: Скопје (Аеродром), Куманово, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово и Гостивар. Базените, покрај на клубовите, и на рекреативците, ќе им бидат ставени на располагње на училиштата, за користење на часовите по физичко воспитување, под надзор на наставниците. Рок:2012“

    Рокот одамна е изминат, а ниту во Куманово ниту во другите градови е започнат а камоли направен било каков олимпски базен. Е сега, ако државата со просечен годишен буџет од 2,5 милијарди евра не се осудува да направи пар базени по Македонија што останува за било која општина тоа самата да го направи. Дури ни вмровските градоначалници кои на своја страна ја имаат централната власт не се осудуват да започнат таков проект. Скапа инвестиција било. Со бавно темпо на работа, сепак се гради затворениот базен, додека за овој од програмата од 2008 на ДПМНЕ ни трага ни глас.

    Она што останува како дилема е каква ќе биде разврската на една ваква состојба не само за Куманово туку и за останатите опозициски општини. Историјата познава различни примери. За можните разврски од таа борба, во некоја друга прилика.

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*