×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каде се загубија вредностите на социјалдемократијата во Куманово?

    Емил Ташевски

    Најчеста употребувана фраза во предвечерието на кампањата за локалните избори во Куманово од страна на Социјалдемократскиот сојуз е дека партијата никогаш не била посплотена. Тоа без сомневање ќе биде најголемата изречена лага во целата кампања од било кој претендент за првиот човек на градот дали тоа било партиски или непартиски кандидат. За ова можам да полемизирам спремен со полна вреќа аргументи.

    Благо кажано, толеранцијата на општата јавност во време на изборна кампања, не е мала. Три деценискиот тренинг преку ветувања за „новиот“ брз и краток пат до просперитеот и Македонија како ветената земја, го има направено своето. Ако, пак, сакате да бидете малку циничен, општата јавност е навикната, во време на избори, да биде лажана.

    Вториот сегмент на кој сакам да се осврнам е самото значење на зборот “сплотеност” и неговата (не)поврзаност со социјалдемократијата. Имам прочитано доста за самата социјалдемократија, бидејќи сум нејзин симпатизер како идеологија, која според мене е двигател на современите општества. Од “Основите на социјалдемократијата” на Тобијас Гомберт до “Третиот пат - обнова на социјалдемократијата” на Ентони Гиденс јас никаде немам наидено на теза, којашто барем приближно ќе ме убеди дека сплотеноста е една од начелата на оваа идеологија. Напротив, сплотеноста е идеологија на фашизмот. 

    Италијанскиот термин фашизам е изведен од зборот “fascio” што значи “сноп”, а истиот потекнува од зборот “fasces”. Оваа име го носеле политички организации во Италија познати како “fasci”, групи слични на еснафите или синдикатите. Во 1919 година Мусолини ја основал италијанската “Fasci Italiani di Combattimento” во Милано, која две години подоцна станува национална фашистичка партија. Фашистите го поврзувале терминот со древната римска фасција. Симболиката на самата фасција е сплотеноста.

    Сигурно дека би можело многу подобро, со повеќе детали и факти, да биде опишано одделувањето на СДСМ од своите основачки принципи или пак од борбата, стремежот и принципите на политичките, правните и духовните претходници, но симболиката е многу посилна и гласот стига многу подалеку кога описот доаѓа од устата на некој кој претставува симбол, барем во Куманово, на распадот по должина и ширина на старото СДСМ и симбол на „новото“ во кое фашистички референци во јавните говори на неговите лидери не се никаков проблем и чиј претседател на партија и премиер, по уредувањето на сите други аспекти од државниот апарат, деновиве седна да уредува историски учебници.

    Новиот кусоглед, ситно-трговски, малодушен, идеолошки збунет, клиентелистичко-клерикален СДСМ не можеше подобро да биде изложен за увид на јавноста од изјавата за „сплотеноста“ на кумановските социјалдемократи.

    Прашање е зошто првите луѓе на социјалдемократите во Куманово упорно во секој говор истакнуваат дека постои сплотеност? Нели една од начелата е слобода на говорот на единката? Дали сите членови ја чуствуваме еднаквоста како една од главните темели на социјалдемократија? Можно ли е да се загубени идеалите на партијата заради лични интереси и недоволно оформено образование?

    Наместо повик на сплотеност на корумпираните политичари да им се одземе власт, држава, град... На националистите на кои им се полни устата со патриотизам и на таа основа џеповите со пари, да им се одземе право да мафтаат со нацио знамиња. На криминалците и олигарсите кои мислат дека преобратени во верници ќе им се простат гревовите, а притоа не знаат дека пеколот и рајот се состојба на умот, да им се одземе црквата.

    Колку моќно би одекнала ваква сплотеност во нашиот народ и колку далеку би се чул ваков крик за нормалност или би довел до нормалност? Но прашање е колку оваа гарнитура на политичари може да слушне подалеку од оние кои стојат пред нив, ги снимаат и климаат со глава. Не го чекаме Чак Норис. Тука е. Скоро секоја вечер во исто време и држи говор и чука со раце и клима со глава.

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*