×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КАША ПОПАРА ВО БИСЕР БАЛКАНСКИ

    Емил Ташевски

    Пред неколку дена бугарскиот пратеник во Европскиот парламент во центарот на Скопје рече: „Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија“. Ваквите шовинистички изјави и не би биле толку страшни ако веднаш беа осудени од најголемите македонски партии, а посебно од актуелната власт, па дури и од пошироката јавност, кои веднаш ќе се повикаа на Уставот и на јавно искажаните територијални претензии на бугарските пратеници. Зошто ваквите изјави не треба да ни претставуваат нормално секојдневие треба да не учи историјата. Бугарската надворешна, а што би рекле тие и нивната внатрешна политика, секогаш имала претензии на ова парче земја. Нивниот сон за Санстефанска Бугарија нема избледено во нивната потсвест.

    Од друга страна, пак, гледаме навреди од илјадници Македонци упатени кон кошаркарската легенда Перо Антиќ, кој на еден ревијален и тотално небитен настан, се појави во публиката во дуксер на клуб од Белград во кој професионално играл. Дали ова, пак, треба да плаши било кој од нас кои навиваме за Црвена Звезда, или било кој клуб од Србија, дека еден ден на улица во земјата во која сме се родиле, во која се имаме изградено и во која мислиме да ги раснеме нашите деца, може да наидеме на било каква непријатност?

    Имам впечаток дека голем дел од Македонците, пред се македонските политичари кон Србија се однесуваат како адолесценти кон своите родители. Дај ми пари, не ми попувај, јас сум независен, не ме прашувај каде и со кого одам, ти си стар и заостанат, те мразам. Но, дај ми џепарлак, купи ми автомобил и препиши ми ја куќата. Имам чувство дека во Македонија е воспоставено мислење дека Србите се, што би рекле моите сограѓани “дошљаци”. Секогаш со потсмев се гледа на оние кои се декларираат како Срби и многу лесно им се црта таргет на нивните глави. Срби може да се раѓаат во Хрватска, БиХ, Црна Гора, но од некои чудни причини не можат во Македонија.

    Еден од бугарските пратеници на горе споменатата изјава исто така додаде: “Тука сме собрани да им кажеме јасно на владејачките србомански политичари дека нема да ги оставиме да ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите.” Имам впечаток дека Бугарите имаат комплекс на помала вредност во однос на Србите. Одговорот зошто е тоа така веројатно, пак, може да се најде во историјата.

    Е, сега кога сите отворени прашања меѓу Србија и Македонија се решени, а последното чинам беше црковниот проблем, зошто Перо Антиќ е “распнат на крст” поради љубов кон Црвена Звезда, а, пак, бугарските пратеници за изјави во главниот град на Македонија не се осудени од нашите политичари и пошироката јавност заради територијални претензии?

    Обично секогаш поаѓам од мојот двор, па потоа гледам во соседниот кога ќе изнесувам тези. Првата моја теза е дека Србите во Македонија се оставени на милост и немилост од својата матица, заради немање никаква стратегија и визија. Втората е и полоша од првата, дека Србите во Македонија се палат само на изјави и зборови од политичари, кои не се способни за ништо долгорочно, па полека се прави тивка и сѐ повеќе приметна асимилација, ако ги гледаме бројките на пописите. 

    Ако Србите се лојални на оваа држава – а се, тогаш имаат и свои права, па и да навиваат за спортски клуб од Белград, Нови Сад или Ниш. Не треба да се гледаат како гости, затоа што плаќаат данок и сметки како и секој друг жител во оваа држава. Но, имаат и право на сопствено толкување на идентитетот и историјата, овде, во својата земја каде се родени и живеат. Парадоксално, но исто е токму она за што се жалат Македонците за своите малцинства во Грција и Бугарија, а го применуваат овде кон Србите.

    За тезата кон “соседниот двор” ќе оставам за некои наредни прилики...

    Емил Ташевски, Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*