9-ти мај Генерално Собрание на меѓународната асоцијација за контролинг во Будимпешта. Седам во конференциската сала, така уморен и мамурен од напорниот пат кој беше сум го поминал претходната вечер...Чекам најава од претседателот на асоцијацјата Проф. д-р Хајмо од Австрија согласно агендата во 9 часот и 20 минути да се обратам пред челновите на собранието. Веќе имав во рацете говор и бев целиот преполн со ентузијазам и желба да презентирам дел од моите цели во областа на сметководсвото и контролингот. Така замислен со мала трема пред настапот, наеднаш забележав дека еден од техничките организатори носи мало парче хартија и го дели на присутните членови на Собранито. Беше шифра за интернет за секој поединец во салата. Заврши говорт, честитки за членоството од една, и исполнетот на егото поради тоа што, најпосле во една меѓународна организација, покрај моето име, стоеше и името на мојата земја како што доликува - Република Македонија. Потоа следеше шок. Вистинки шок! Мојата колешка, со телефонот во раката, благо се придвижи кон мене и тивко ги испушти зборовите: „Во Куманово се пука“. Тој момент на стрес, никогаш нема да го заборавам додека сум жив.
Имено, знаев дека мојот четиригодишен син, токму тоа утро е во Куманово, прочитав дека има жртви и многу повредени, знаев дека на само еден километар воздушно од мојот син, се води битка.... се води вистинска војна, летаат куршуми на сите страни... Во мислите ми се појавуваа сокаците, по кој, повеќе од 6 години (најмалку два дена неделно) возев кон „мојот Колеџ“, каде итав кон училната за да се исполнам со креативност и да создаваме заедничи вредности со моите студенти: македонци, албанци, турци, роми...
Почитувани читатели, се прашувам себеси: Зошто повторно во Куманово? Зарем градот кој е препознатлив по својата различност, во политичка и етнича смисла, заслужува да биде жртвуван повторно како во 2001-та... Да бидеме објективни, како држава, освен што најавувавме проекти, цели 9 години го маргинализиравме и изолиравме овој град, заборавајќи на еден многу значаен податок, кој вели: во државната макроекономија во последните 9 години Куманово внесе повеќе од половина милијарда евра странски девизни дознаки. По тој основ, коментарите на многумина граѓани и студенти беше: „Куманово е маргинализиран поради тоа што локалната власт е различна од централната“, Според мене, таквата различност е најголемата вредност за демократијата, најубавиот показател за вистински економски патриотизам. Ете, ако сме патриоти, а велиме дека сме, Куманово е мегдан каде треба да се покажеме во пракса.
На ова, коментарите се: „...во економска смисла, ќе му тргне на Куманово кога локалната и централната власт ќе бидат од една иста политичка партија...“ Што значи, според многумина, централната власт треба да ја добие локалната или енергијата од локалната власт да ја смени централната, со други зборови, за успех, помеѓу нив треба да има знак на еднаквост. Според мене, тоа е неправилно! Но, како што доаѓа времето еднаквоста е неизбежна, и таа ќе дојде многу брзо, дури побрзо отколку што многумина ја замислуваат.
Почитувани кумановци, како што напишав пред неколку дена, на крајот од овој „филм“ ќе победи љубовта и слогата на народот. Така и бидна! Но, остана да боли душата за хероите, за бестрашните бранители кои повеќе ги нема... Материјалноста ќе се надомести, сега пари ќе надоаѓаат од сите страни... од Владата чинам најпрво, таа со парите е виртуоз... ќе има, и за куќи, и за семејствата на загинатите бранители за сè... Но, вас храбри бранители ќе ве нема... На нас живите, ни оставате огромната обврска и духовна болка да ја пренсуваме храброста кон генерациите што следат... Денес има многу нејаснотии и дилеми за тоа - дали мораше да загинете? Но, тоа е само денес. Многу брзо, вистината ќе биде објективна, а нè како што се толкува денес - субјективно!
На крајот, да напоменам: од денес па натаму, во Куманово и во целата држава нè смее да има неопределни граѓани, не смее да биде процентот на неопределените поголем од партиските определени. Имено, сите треба да се определат, за партијата наречена: „демократска, мирна и европска Република Македонија на македонците, албанците и останатите етникуми“.
P.S. Колумнава ја посветувам на 8-те македонски бранители. Нека почиваат во мир!
„Ова никогаш да не се повтори“ како што вели еден од најискрените политичари на денешницава.
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*