Ова септемвриско писание го посветувам на студентите, на моите колеги од Колеџот. Почитувани студенти, мојата смисла за деловно постоење се базира на сите Вас. Имено, во моите ставови, милувам, во повеќе наврати самиот да се повторувам, и тоа го правам нè случајно или во недостиг на креативна енергија, туку напротив, тоа е намерно со одредена цел – да се изврши одредено општествено влијание со внимателно избрани зборови. Оттука, уште еднаш во оваа прилика ќе потенцирам дека многу мои соработници и пријатели не можат да ме разберат во личното толкување на успехот.
Според мене, на скалилото наречено „УСПЕХ“, колку и да не Ви се логични некои работи во првиот момент, Вие имате само една обрска за да се искачите на врвот, а таа е следнава: да се вложите над својот максимум, да преточите енергија во вашата работа (во исполнителноста на Вашите цели) повеќе од потребното. Тука лимити нема! „Пеколно“ тешко е темпото... Со други зборови, Вие треба да бидете неприкосновен мотиватор на самиот себе, дури и тогаш кога знаете дека тоа не е така... Да бидам искрен кон сите Вас, тоа е тешко да се одржи во континуитет, но кога ќе донесете одлука што води до ОТКАЖУВАЊЕ од целите, унивезумот (за силните верници Бог) враќа од салдото енергија што сте го кумулирале или вложувале претходно на Вашето „универзумско конто“. Тоа е така секогаш! Но, малкумина го дочекуваат моментот кој значи „послено скалило“. Повеќето од нас, дури 80% од младата популација се откажува од своите поставени цели на долг рок, тогаш кога најмалку треба, а притоа тие не се свесни за таквата своја одлука. Имено, откажувањето од целите поврзани за конечен успех, значи да се соочиме со реалноста која ни е презентирана, а која, всушност, нема никаква врска со реалноста за која ние секој ден неизмерно мечтаеме. Така и јас, иако лесно пишувам мотивациони текстови, неодамна, во пракса, апликативно бев на чекор до откажување од една моја силна мечта, еден мој сон...
Почитувани читатели, студенти, така е тоа во животот. Ќе вложувате денови, часови и часови, жртвувајќи ги сите околу себе, за да дојде тој момент, кога Вашата замисла ќе стане реалнот. Кога тоа ќе се случи, тогаш Вие имате време да премерувате. Мерката за успех пак, според некој, со право може да се толкува вака: се она што ќе го изгубите при реализација на вашите цели за конечен успех. Но вредноста на секој поединечен успех е огромна општествена придобивка, практично како во религиите: мора нешто да се жртвува за искушението да донесе благосостојба.
Во контекст на ваквите мои тези, се прашувам: Дали современиот концепт на формално образование треба да ги издигне размислувањата на аутпутите – дипломци до ниво во кое „откажувањето“ нема да постои?
Како што знаеме сите, денешниот систем на формализам (особено УКИМ) ни најмалку нè се обидува да внесе пркатика и вистински претприемачки алатки во својата агенда. Денес, целта на водечкиот и прворангиран УКИМ è да создава аутпут – дипломец, кој, ќе има критична мисла пред сè, а притоа неводејќи сметка за истиот тој аутпут да биде упореблив на пазарот на тудот „веднаш и сега“. Тоа е многу лош концепт, кој надополнет со концептот на „профит“ креира многу лоша иднина за формалниот систем на образование. Од друга страна пак, тоа е шанса за нас, малечките формални организации (колеџи) да провоцираме нови вредности во големиот и гломазен систем. На мислење сум, дека основната цел на новиот систем на формално образование, за краток времеснки период ќе биде создавање аутпути кои ќе бидат способни за имплементација на нови работи, а не едноставно да ги повторуваат работите што ги направиле другите генерации. Со еден збор кажано, современиот систем на образование ќе може да се нарече добар, единствено ако создава академски граѓани кои се: креативни, иновативни, склони кон откривање и надополнети со работно искуство зад себе (додека траат студиите).
P.S. Ние, уморни од сегашоста знаеме лесно да се откажуваме од нашите цели, а притоа да не сме свесни дека иако се è одработено, крајот е само за уште еден чекор. МОЈАТА ТЕЗА ЗА ОТКАЖУВАЊЕТО ВЕЛИ ДЕКА ЗА НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕ СЕ ВИНОВНИ СИТЕ ДРУГИ ОКОЛУ НАС, ТУКУ ВИНОВНЦИТЕ СМЕ САМИТЕ НИЕ!
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*