Поттикнат од актуелните случувања во Сирија, особено Руско-Турската современа војна која е на повидок пак, од една, како и моите инфомрации од колеги - високи авторитети од Западот и Истокот, од друга страна, ме мотивираа да се изјаснам во контекст на новата светска прераспределба на моќта и влијанието на истата врз Балканот.
Имено, сведоци сме на навидум чудна и непромеислена рекација на Турција, која собори Руски авион неодамна, или пак би рекол, сведоци сме на една намерна и промислена реакција на Ердоган. Како и да е, јасно е дека ќе не очекува година полоша од оваа (ова за песимистите), додека пак, оптимистички за нас во Македонија, работите ќе тргнат на подобро, барем за малку... Да почнам од подалеку.
На почетокот, да подвлечам дека Русија никогаш нема да и прости на Турција за ваквата постапка, така што, ако сме загрижени од воена пресметка на големите играчи и некаков „атомски напад“, во заблуда сме! Се ќе биде реализирано бавно и тоа, во период од 2 до 3 години, во рамките на современиот начин на војување – ЕКОНОМСКИ. Тука нема бомби, нема авијација (освен за некои земји од Блискиот исток, кои се избрани да бидат како поле за тестирање и потрошувачка на новите типови оружје и технологии). Оттука, економската војна ќе значи пораз на Турција и губење на лидерската позиција на Блискиот Исток секако, а најповеќе губење на многу силната позиција на Балканот! Таа впрочем, овие неколку години, стана еден од најголемите инвеститори во Македонија и регионот (со реални, сомнителни и комбинирани инвестции...) и главен промотор на ТВ-серии кои имаат за цел, да го ДО-опросечат и така големиот просек кај нашиот граѓанин, како и да постават нови ликови како идоли во новата генерација, како на пример: Султан Сулејман, Полат, Мали Ага и сл. Во тој контекст, да бидам искрен, никогаш не сум се спротиставувал на сите овие добри инвестиции од Турција кај нас, особено во: банкаство, аеродромскиот бизнис, ТВ бизнисот, како и сегашната најнова инвазија во високообазовниот бизнис... Но, никогаш не сум бил среќен поради тоа! Во оваа прилика нема да пишувам, зошто? Ќе оставам времето да ни ги покаже скриените намери и фантастичниот PR на сето тоа...
Понатаму, новиот светски поредок, според мене, ќе резултира со силно влијание на Руските Евреи во Израел, а со самото тоа и на Балканот и Европа. Тоа ќе ја доближи Русија и огромниот ресурсен потенцијал до ЕУ, која пак, има многу лоша економска позиција (таа е најголем губитник за моја голема жал) ѝ секако доживува преголема безбедносна нестабилнот, со невидени последици. Според ова, на мислење сум дека Европа ќе биде многу позасилен главен економски сојузник со Русија, и PR-от на ЕУ ќе биде во таа насока, за разлика од претходниот период, каде таквиот PR, имаше многу спротивставености кон Русија. Оттука, се поставува прашањето КАКО и КОЈ ќе биде конекторот на сето ова? Одговорот е едноставен: центарот на светот – Израел! За оваа моја теза, ќе оставиме времето да потврди... Во перидов што следи, напоменувам да го следиме економското позитивно случување во Белград и неговата наметливост како Балкански центар. Тоа не е случајно, ѝ има за цел, да не потсетува сите нас, повозарасните особено, на едно поранешно убаво време, за кое незимерно мечтаеме еве веќе две и пол децении.
P.S. Американците во сето ова ќе бидат „индиректни“, впрочем, такви се целото ова време, сè додека не изберат НОВ претседател Републиканец!!!
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*