×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КРИСТАЛНА НЕЈАСНОТИЈА

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Во ова т.н. „време - невреме“, долго размислував на темата на која е добро да се пишува, а сè со цел, да се даде некаков придонес кон читателите. Во контескт на тоа, се присетив на една лична мисла, која во повеќе наврати, знам да ја произнесам, а таа гласи: „Основната цел, на секој човек, треба да биде објективноста. Јас за себе си бев го поставил токму тој принцип на прво место: Да бидам објективен кон сè и за сè“

    Оттука, сега да се запрашаме: Дали објективноста како општествена карактериситика на поединецот и групите при комуникацијата во денешнинава воопшто постои? Одговорот е јасен и недвосмислен: НЕ! Почитувани мои читатели, кога веќе сите знаеме дека објективниот човек и интерпретацијата на факитите имаат само субјективна потпора, поточно се засновани на лично толкување на вистината, така како што поединецот смета дека треба да ја прифати и да ја произнесе надвор во околината, токму тогаш, со право може да кажеме дека вистинските вредности се веќе изгубени.

    Имено, во такви услови разумниот поединец веќе не може да покажува симптоми на ентузијазам, креативност и иновативност... Конфузен човек никако не може да биде креативен. Човек кој изгубил верба во секој друг човек кој го опкружува, единствено само на „профитот“ му се покорува. Сега, да не си противречам сам на себе, како промотор и инспиратор на многу млади да итаат кон профитот како своја цел и како карактеристика на успехот, но морам да констатирам дека тој човек, со сигурност ќе го оствари профитот но ќе го изгуби правиот живот. Кога велам правиот живот мислам и на останатите вредности кои немаат за цел само парично да не мотивираат, туку истите се однесуваат на создавањето на правите вредности. Но, ако се навратам на почетокот на оваа колумна ќе речам дека имаме помешани и „кристално нејасни“ вредности за кои секој поединец пооделно си има свое толкување и за кој вредности, самиот тој, си ги присвојува за вистинки. Практично, ние како систем не успеавме да создадеме авторитет на самите институции, преку кој, сега ќе управуваме во оваа „кристална нејаснотија“.

    Мене ми е сосема јасно и немам никакви дилеми дека сме далеку од изградба на современ систем на општетсво (мислам на домашното општество). Мора да се согласиме дека систем на авторитетни и објективни организации никогаш, ама баш никогаш не може да се изгради ако во домашното опшетствено делување имаме огромна поделеност на групите и тоа таквата поделенсот во континуитет се продлабочува со невидена динамика. Тоа е многу лошо, мои почитувани читатели. Тоа сите нас, за многу краток период ќе не наведе да размислуваме за „дијаспора“. Во оваа прилика да не заборавам да истакнам дека авторитетот се гради со години и години. Наметнат авторитет не е одржлив.

    За жал, нашиот домашен општествен систем не успеа во овие 24 години да го постигнува врвниот квалитет во изградба на авторитет на институциите и поедиците во нив. За жал, секогаш биле малцинство луѓето кои ги поседувале правите вредности... Ако се навратиме во историјата, таков еден човек со прави вредности и малцинство во своите ставови бил и Питу Гули. Не ми останува ништо друго, почитувани мои читатели, освен во оваа „кристална нејаснотија“ денес, да се обидам да ја доловам таа историска дискусија во предвечерието пред славната битка на „Мечкин камен“ во Крушево 1903 година во која се водело жестока полемика помеѓу Никола Карев и Питу Гули. На мислење сум, дека има многу оправданост да се цитира дел од тој момент, иако за мене беше сум се декларирал како современ економски патриот.

    „Никола Карев: Тоа беше ризикот на нашето востание. Се кренавме и не успеавме. А ти! Мислиш ли дека ќе го спасиш народот со твојата жртва? 

    Питу Гули: Но, барем ќе знае и народот и турците како се брани слободата и како се гине за неа! Нам никогаш не ни недостигал разум, нам ни недостига лудост. Оставете ме сам со својата лудост... Јас не одам на Мечкин камен за мене, јас не мислам дека сум незаменлив, напротив, мојот пример може да роди многумина како мене што ќе бидат поарни од мене.“ 

    Напомена: текстов погоре го произнесувам како чин на моја неизмерна почит кон сите добри и чесни луѓе на денешницава (на крушевскиот „ангелски човек“) кои имаа своја силна улога во градењето на добрите вредности, како и во знак на промоција на нашето Крушево, кое не смее да се заборави во еуфоријата наречена „Банско“ и „Боровец“.

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*