×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левичарски Монти Пајтон

    Емил Ташевски

    Пред неколку дена во режија на партијата која е на власт во државата, во мојот град се одржа трибина “Силно и одлучно”. Сликите од неа беа фасцинантни. Дел од луѓето кои беа присутни и насмеани ја изразија својата иронија до максимум. Нивните ставови еден за друг надвор од партиските кулуори ја изразуваат својата иронија на ниво кое не може да биде замислено од обичниот свет. Гадоста во нивните ставови за партиските другари пред луѓе кои отворено зборуваат дека таму ситуацијата не е добра, ја надминуваат речитоста на луѓето кои зборуваат за “крвна одмазда”. А се сликаат заедно насмеани, бидејќи се плашат за своите позиции. А, и самите се убедени дека тука е некаде крајот.

    Истата таа партија во која сум и јас член, победи на изборите под слоганот “Едно општество за сите”. Тоа значи дека сите ќе бидеме еднакви жители на оваа наша држава, но и сите ќе имаме исти права пред законите. Кумановскиот народ, посебно оној со кој јас комуницирам може да ти прости сѐ, но не и да биде на пониско ниво од било кој друг сограѓанин кој живее во истиот град. 

    Вчерашните настани во градот по натпреварот помеѓу Швајцарија и Србија воопшто не докажаа дека овде луѓето сакаат соживот, односно дека сакаат да создаваат, творат и придонесуваат заедно со помалите етнички заедници во нашиот град. И работата да биде уште поиронична партијата која промовира “Едно општество за сите” самата не ги осуди тие настани и не го повика МВР да реагира за да јавниот ред и мир биде регулиран во најбрз можен рок, туку симпатично преќута мислејќи дека јавноста ќе се занимава со задоволување на птиците и воопшто нема да ги види овие видео клипови. После овие немили настани, вчера пак премиерот беше во Куманово и очекував да повика за едно општество за сите, заради почитување на различностите и законите, нултата толеранција на било какво насилство. Но, најверојатно никој не му кажал за немилите настани, ниту, пак, видел дека неговите министри од недопирливата партија во власта слават победа на друга држава како да им е своја, па си испил само кафе со “старите другари” и си заминал надевајќи се дека кумановската јавност ќе се води по онаа старата “секое чудо за три дена”.

    Кога сме пак кај работата на самото МВР тука веќе Монти Пајтон може вода да им носи. Пред неколку месеци во мојата куќа влезе крадец и бев парично оштетен, МВР случајот го води како тешка кражба. Крадецот беше веднаш евидентиран од камерите во мојот дом и од самите полицајци ми беше кажано дека се работи за личност која има “жолт картон” и дека има направено преку 15 кражби.  Тој човек беше најден и приведен дури 10 дена после кражбата. И после тоа читам и гледам изјави како полицијата била успешна. Не сакам да навредам никого ама на “успешните” им требаше 10 дена за да најдат човек кој во нормална држава  и не треба воопшто да се движи по улиците. На крај јас и моето семејство сме задоволни што сите сме живи и здрави и што на лице место не сме го фатиле крадецот. Но, нели кога ќе отвориме социјални мрежи таму полицијата е вклучена на најјако.

    Враќајќи се на самата трибина во мојот град не можам да го изоставам спомнувањето на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски. Спомнувајќи го него и неговата коалиција, самите луѓе од СДСМ Куманово заборавија дека се фалеа после поразот на нивниот кандидат дека тие не работеле за него, затоа што според нивните зборови го застапувал “селското крило” во партијата, а сега промовираат вредности и политики кои партијата ги има застапуваше и пред локалните избори. Без трунка срам дека работеле директно или индиректно за противкандидатот. Повторно иронија и повторно Монти Пајтон сцени. Заборавија дека многу членови кои беа социјалдемократи беа ударна игла на граѓанското движење. Но, кога без идеја држиш настан пред многу луѓе кои во тоа време од денот не сакале да се најдат таму ти наоѓаш начин да ја напалиш во голем дел ироничната публика за да колку толку ја убедиш суетноста во тебе дека на последните избори немаш доживеано пораз.

    Се од ВАС е веќе иронично. Водењето на самата партија, идеологијата која веќе ја изгуби смислата за левичарство до најглавното, водење на држава. Луѓето велат дека ќе си го продадете и сопствениот задник само да бидете дел од некаква власт. Тоа не ме натера мене на 20 години да станам член на СДСМ. Тогаш мојата партија имаше став. Тогаш мојата партија имаше идеологија. Тогаш мојата партија не аплаудираше на лидери кои зборуваа дека нашите соседи се администратори. Тогаш мојата партија знаеше што е држава.

     

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*