×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mакедонија утре

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Од стојалиште на денешна престпектива, во Република Македонија могу тешко може да се антиципира иднината краткорочно, а да нè говориме за подалеку. Имено, денес, да се опстојува (мислам на деловно опстојување) во услови кој сите ние добро ги знаеме, и притоа да се постигне каков таков личен и организациски позитивен резултат независен од политички влијанија, тоа, според мене, може да се нарече - патриотизам. Јас познавам многумина такви патриоти! А вие?   

    Како и да е, јас силно верувам во моите ставови кои јавно ги произнесувам. Според тоа, сум на мислење дека откажувањето од целите поврзани за конечен успех, мои читатели, значи соочување со реалноста која ни е презентирана, а која, всушност, нема никаква врска со реалноста за која сите ние мечтаеме.

    Откажувањето, значи да кажеме дека животот во нашава земја е суров, поточно да кажеме дека тука во Македонија успеваат само корумпираните, лошите политичари и луѓе... Тука, да бидам појасен, мојата теза за откажувањето вели дека за нашите проблеми не се виновни сите други околу нас, туку виновнците сме самите ние! Не заборавајте дека на многумина влијателни општествени поедници, Вашето откажување, практично è нивната цел! Понатаму, за откажувањето ќе речам дека може да се поистовети со жртвување. Имено, сите ние кои сме одбрале да се откажеме од нешто, со тоа сме направиле жртва т.н. принцип на опортунитетност.

    Почитувани читатели, јас сум убеден дека времето на откажувањето заврши. Општественото уредување утре, треба да се менува без откажување на младите умови „искалени“ и едуцирани тука во Македонија! Од утре, јас верувам дека многумина искусни ентизијасти и прогресивци нема да прифатат да бидат жртва. Можеби, на прв поглед  лесно и единствено разумно решение, кога велиме да се купи билет и да се егзистира во САД, ЕУ, Дубаи... Но, за мене тоа е ОТКАЖУВАЊЕ!

    Сега знам, критиките по осонов на оваа теза ќе бидат огромни. Повеќето од Вас, со право ќе истакнат: „како да се опстојува тука, кога младите со искуство имаат работа со плата од најповеќе 300 евра, а некои од нив, почетници во системот, немаат воопшто работа и не знаат што понатаму...“ ДА! Тоа е точно. Но, затоа сите ние имаме разум, имаме најсилно орудие наречено „силна мисла“... Имаме глас кој може силно да продира во нашето општество. Засега, се чини не продира доволно... Во контекст на ова, давам еден совет: за да победите во битката со откажувањето, Вие мора да се опкружите со мнозинство на луѓе носители на позитивна енергија. Такви се малкумина или речиси и да ги нема. Вие ќе мора да ги пронајдете или да ги промените постоечките. Мнозина негативци, прават бариера на протокот на убава енергија потребна за подобро утре.

    Согласно моите убедувања, Македонија утре, ќе биде:

    1.     Држава со најсилни меѓуетнички односи во регионот, поради фактот кој вели дека албанскиот етникум почна да го распознава економскиот од традиционалниот патриотизам;
    2.     Држава со највисоко ниво на меѓусосетски односи, поради фактот кој вели дека македонскиот етникум почна да го распознава економскиот од традиционалниот патриотизам (На пример: во Грција ќе има многу македонски претприемачи кои ќе поседуваат угостителски и сместувачки локали);
    3.     Држава со банкарски сектор ориентиран кон микро и мали бизниси т.е. „претприемничко банкарство“ ориентирано кон нови бизниси;
    4.     Држава со силна улога на МБПР во кредитирањето на малите и микро бизниси (иновативни компании);
    5.     Држава каде партиската книшка ќе биде еднаква на навивчка членска книшка на „Работничи“, „МЗТ“ или КК „Куманово“, која ќе подразбира дека партиите ќе бидат поистоветувани со спортските обложувалници - „за забава“;
    6.     Држава во која, младите ќе создаваат свои идоли од редот на успешни претприемачи, а не како досега од политичарите (за ова ќе помогне медимскиот сервис);
    7.     Држава во која, вниманието ќе се стави на македонските приватни компании кои ќе бидат главни креатори на политиките во ЕЛС, според принципот: упешна компанија добива поддршка од ЕЛС, т.н. силен „концепт на Јавно-приватно партнерство“;
    8.     Држава со прва од таков вид, слободна економска зона - “Зона за дијаспора”, која ќе биде наменета за македонската дијаспора, по принципот на слободната економска зона “Бунарџик”, со цел: да го амнестира целиот капитал изнесен од дражавата за сите овие 25 години (без разлика на неговата легалност).
    9.     Држава во која ќе има моќен и иновативен инструмент на финансискиот макроекономски менаџмент: локална обврзница (силен пазар на локални обврзници за финансирање на ЕЛС под менторство на Македонска берза АД Скопје);      Имено, на мислење сум, локалната обврзница, како нов проект за реализиција на крупни општински проекти, ќе обезбеди капитал и ќе придонесе и во голем дел ќе го ослободи огромниот неискоростен девизиен прилив во ЕЛС, кој сега лежи во депозити и со самото тоа ќе допринесе за заживување на пазарот на хартии од вредност.    
    10.     Држава со претприемачка Влада и претприемачка државна администрација, која иако превработена, нè смее да биде отпуштена, туку напротив ќе се зголемува по приниципот на децентрализирано плаќање по институција, за  сите државни работници согласно нивниот учинок. Тоа подразбира дека времето на еднаквост во месечните плати ќе заврши. На пример: основана нето плата за сите админстартивци ќе биде фиксна и ќе изнесува еквивалентно на најниската нето плата во РМ за 2015 годна, 9.600 денари, додека пак варијабилниот ќе биде најбитен во структурата на платата и ќе се менува во согласност со учинокот на рабортникот.  

    На крајот, ќе го цитирам Peter Drucker, кој уште во 1985 година убаво ќе истакне: „Претприемништвото е еднаква карактеристика, како на приватните и јавните, така и на стопанските и нестопанските претпријатија и профитни и непрофитни организации“. После 25 години, „Македонија утре“ барем за оние 20% се разбира, ќе го има ова мото.

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*