Тоа ми дава за право да верувам дека Србите во Република Македонија на овие избори нема да бидат мета за реализирање на туѓи интереси, туку со вистинскиот избор ќе дадат придонес во остварување на своите права. Ова посебно се однесува на оние кои сеуште се во дилема на која од понудените опции да ја дадат довербата. Затоа во оваа мое обраќање сакам да ги потсетам за сите достигнувања на ДПСМ во изминетите три години. Како дел од власта и коалицијата „За подобра Македонија“ покажеме и докажеме дека имаме политички капацитет да ги решаваме проблемите на нашите сограѓани, и да ги разбереме потребите на нашите сонародници во остварувањето на нивните колективни и лични права.
Иако поминавме низ исклучително турбулентен период во државата, успеавме сите несогласувања во македонско-српските односи ги надминавме, и што е најбитно не дозволиме истите да се одразат на братскиот однос помеѓу двата народа. Успесите кои ги постигнавме не обврзуваат да продолжиме поматаму, поради останатите нерешени прашања кои го засегаат српскиот народ.Тоа се прашања кои со децении не биле приоритет на ниту една власт во Македонија. Но токму ние во изминатиот период ги наметнавме, бидејќи се од круцијално значење за националниот идентите на секој народ. Тука на прво место е oбразованието и информирањето на мајчин јазик, зачувување на културно-историските споменици и загарантираното место на припадниците на српскиот народ во Собранието на Македонија. Овие и сите други отворени прашања се наши национални и политички приоритети и за во наредниот период. Само со издржано и посветено дејствување ќе го најдеме вистинското решение, а ние сме подготвени за тоа.
Остварувањето на овие наши цели не се само интерес на Србите, туку се многу значајни за развојот и афирмацијата на Република Македонија. За државате е особено значајно да го искористи потенцијалот кој го имаат сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и нејзините жители Срби. Само со квалитетни поединци докажани во областите каде се ангажирани, и дефинирањето на Македонија како мултиетничка држава ќе се исполнат условите кои ќе и помогнат на патот кон Европската Унија.
Оваа предизборна можност сакам да ја искористам и да упатам апел до сите кои мислат дека сеуште можат да бидат тутори на Србите во Македонија, и да им порачам дека залудно си го трошат времето. Помина одреден период, но моите сонародници во најголем дел препознаа дека местото им е во Демократската партија на Србите во Македонија, и дека тука најлесно можат да ги остварат своите права. Тоа го разбраа не затоа што ние на сила ги теравме да ја следат нашата политичка опција, туку затоа што тоа го докажавме со нашите дела.
Токму затоа ни е потребна подршката и развојот на градот во кој живееме. Ако опозицијата во предходниот состав на Парламентот немаше ниту еден претставник од Куманово, ДПСМ имаше пратеник и директор на државно јавно претпријатие и директор на Агенцијата за малцински права. Сите наши претставници го дадоа својот максимум за подобрување на состојбите во најголемата општина во државата. Тоа е наша определба и обврска независно која локална гарнитура е на власт. Моменталната состојба не е розова, поради тоа што локалната власт го третира градот како свој бастион, без никаква иницијатива да допре до проектите кои ги води централната власт.Тоа е голема грешка, чии последици најмногу ги чувствуваат жителите на Куманово. Не смејат партиските интереси да бидат пред приоритетите на градот и неговите жители. Ние како членови на ДПСМ досега, но и по изборите ќе се бориме максимално да ги искористиме нашите функции за подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани и од таа политика никогаш нема да одстапиме.
Генерален секретар на ДПСМ
Горан Стојковиќ
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*