„КВАНТИТАТИВНО ОЛЕСНУВАЊЕ“ ВО ФУНКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ. ДА ИЛИ НЕ?
На почетокот на Јануари, 2015 година во конгресната сала на „Frankfurt School of Finance & Management“ (Bankakademie во Франфурт) се одржа Генералното собрание на земјите челнки на European Banking and Financial Services Training Association (EBTN) Brussels. Ако не се лажам, бев од ретките кај нас, дури на Божик, кои имаа прилика да ја слушнат пораката на некои од авторитетните банкарски експерти, претставници на ЕУ земјите, како и истакнати професори на истите.
Имено, на состанокот (ова за банкарскиве регулатори е порака) беше дадена препорака за дизајнирење на идните чекори за успешност во имеплементацијата на најновите стандарди од Базел 4 и CRD 4. Да бидам појасен, кај нас, ваквите регулативи се далеку од имплементација, поради не-членството во ЕУ. Но, како и да е, да не се пренесам во пишување на „досадна за читателите“ – регулатива. Имено, она што сакам да го истакнам, а се однесува на новите мерки на ЕЦБ, é воведувањето на единствениот супервизорски механизам, од каде, ќе се контролира работењето на Центарлните банки на сите членки на ЕУ. Тоа, секако дека ќе има, и тоа како, влијание и на земјите кандидати, каква што земја, веќе предолго сме и ние. Што е тука позитивното за нашиот монетарен систем? ДОВЕРБАТА! Сега таа, се подигнува на повисоко ниво, бидејќи контролата ќе биде многу силна и централизирана. Почитувани, само со силна, центарлирирана и единствена конрола (или супервизија) ќе се спречат секакви грешки, неправилности, злоупотреби и на крај, ризикот ќе се сведе на минимум. Тоа, според мене, е сосема оправдана постапка и мора да се каже дека ЕЦБ е силно е решена да дотура „гориво“, и со тоа, да ја подига напред, „машината“ наречена „ЕУ“.
Но, сега се поставува прашањето: КАКО? Практично, јас, како „ЕУ верник“ и поддржувач на таа религија наречена „Брисел“, (а Вие се разбира, не мора да се согласувате – денес Путин е актуелен и идол на многумина), на мислење сум, дека со одлуката на Марио Драги, првиот човек на Европската централна банка, да се воведе новата програма за вбризгуавње на парични средства во економијта, се направи најсветлиот и најклучниот момент во последнава нешто повеќе од декада, или со други зборови кажано, се направи потег, кој за ЕУ ќе значи нов почеток на економски раст. Да бидам јасен: како што веќе знаеме, оваа мерка подразбира купување на хартии од вредност (државни обврзници) од страна на ЕЦБ, со цел, да се обезбеди многу повеќе „свежи“ пари во економијата. Тоа пак, ќе значи поголема инфлација! Wow! Како, ова да се толкува?... ќе се протолкува како ДОБАРО за ЕУ. Тоа е многу добар и потребен потег за ЕУ, кој ќе има позитивно влијание и кај нас. Имено, земјите од ЕУ, се позиционираа и имаат веќе изграден, аргументиран и усогласен макроекономски став, а тоа е: за сметка на инфлацијата ќе се оди со евтини пари и намалување на невработеноста, која и тоа како, кај ЕУ членките прави огромни пробеми. Сега, да одиме понатаму. Велиме, евтини пари, што во банкарски речник значи, евтини кредити. Евтините кредити, ќе значат повеќе проекти финансирани од банките, а од друга страна пак, за фирмите помали фиксни трошоци за камата и многу полесен пристап до евтини пари и низа нови инвестиции во стопанството. Кога ова ќе почне да функционира, во ЕУ макроекномијата, ќе се вртат многу „свежи“ пари во оптек, така што, тоа веднаш ќе предизвика, во континуитет паѓање на вредноста на „еврото“. Навидум, нé е добра ситуацијата, нели? Но, јас велам ДА! Суштински, во тоа е трикот на ЕЦБ. Сега веќе, падот на еврото ќе доведе до многу поповолен ЕУ производ на пазарите како: БРИКС, САД, вклучително и кај нас. На пример: „Голф 7“ ако вреди (дизел верзија, со солидна опрема) 15.000 ЕУР, во иднина ќе го купувате за вредност од 9.000 ЕУР. Ова е добро нели? Крајните ефекти, на ваквата програма на ЕЦБ, почитувани читатели се одлични. Имено, за ЕУ земјите тие ќе донесат: стумилација на целата потрошувачка на евро-зоната, создвање на нови работни места, поттикнување на инвеститорите да инвестираат повеќе во проекти со повеќе принос, како и создавање на нови претприемачи кои сега ќе имаат пристап до евтини пари од банките. Но, каде сме ние тука? Македонија, почитувани читатели, сакала или не, ќе добие бенефит од ваквиот потег на ЕЦБ.
Имено, нашата монетарна политика, како што знаат економистите, е фиксно врзана за еврото. Оттука, со неговиот пад или депрецијација, нашиот денар ќе апрецира, потпочно ќе има поголема вредност од претходно. „Свежите евтини евра“ во нашиот монетарн систем ќе донесат многу подобра кредитна позиција за претприемачите – кредитобаратели. Очекувам, не веднаш, пад на каматните стапки за кредити, многу поолеснет пристап за кредитирање и многу поголема конкурентност на нашите производи надвор. Но, очекувам и повисока стапка на инфлација, која е константна веќе 23 години, и за која, може да се пофалиме дека сме одлични во нејзиното менаџирање, но за сметка на невработеноста. Знаеме, барем ние економистите од „Основи на економија“ дека тие два економски феномена не одат заедно. Кај нас, ниска стапка на инфлација е веќе тренд целиов овој период, и тоа é позитивно, како коментар на контото кај монетарната власт (таа си ја врши одлично работата). НБРМ ја става, стабилноста пред сé. Така и теба да биде! Но, ајде сега малку да одиме со поголема анализа, со поголем ризик. Како да се заситивме од многу стабилна инфлација, си велам. Јас сум „ЗА“. Имено, на мислње сум, дека сега не е на штета, мало контролирано покачување на инфлаторната стапка, согласно новата мерка на ЕЦБ, за сметка на пониска стапка на невработеност. Тоа може и да се очекува, како резултат на настаните во евро-зоната и мерките на ЕЦБ за евтини кредити.
На крајот, како субјективно толкување, сметам дека, оваа политика на ЕЦБ треба да се искористи малку поактивно. За таа цел, освен монетарната политка, пожелно е да се работи на завршната фаза од ЕУ членството. Да не го забораваме тој факт, кој многу е клучен, а кај нас, во последно време малку се маргинализира. Соседите на југ, со изборот Русија, како да ни ја подотвораат малку вратата...
Си велам: „Зарем, сега не е шанса, повторно да се наметнеме како ЕУ големи фанови“. Останува да видиме. Можеби грешам, а можеби НЕ!
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*