×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Охридскиот рамковен договор и неговата примена

    Круне Младеновски

    Во денешните демократски процеси нема простор за целосна доминација на една врз другите етнички заедници. Макар била најголема и најмоќна. Секоја етничка група треба да си го завземе своето место во структурата на општеството. Се разбира дека постои разлика во бројноста, а со тоа и влијанието и моќта на големата над помалите заедници; но сето тоа треба да е во функција на најдобриот можен начин за соживот, меѓусебно разбирање, толеранција и демократија. Тотална доминација, владеење, влијание и демонстрација на сила се минато што не е прифатливо за современите општествени односи. Денес секоја заедница е активен чинител во општественото живеење без никаков предзнак за предност и приоритет. Знаењето, искуството, способноста и желбата за побрз економски и демократски развој се мотото на прогресот.

    Заради одредени пропусти, неусогласеност и нерегулираност во нашето општество дојде до меѓуетнички конфликт во 2001 год. За да не бидат поголеми и потешки последиците од оние кои настанаа, прогресивните сили заедно со надворешниот фактор седнаа и се договорија за идните насоки во уредувањето на демократскиот развој на општеството.  Со т.н. Охридски договор меѓу најголемите етнички заедници во Македонија кои директно се судрија во потрага по правично решение на меѓуетничките односи (ОРД) се зацртаа повеќе насоки, задачи и обврски. Тие беа со цел за регулација на меѓуетничките односи. Овој мултиетнички модел на државниот документ ги содржи следните принципи за идниот развој на нашето типично мултиетничко општество:

    Дијалог по сите важни прашања и надминување на проблемите:

    • Вклученост и интеграција на сите заедници во државата како превенција од меѓуетнички судири
    • Прифаќање и почитување на другите етнички субјекти
    • Изразување на мултинационалноста на прифатлив и толерантен начин
    • Рамномерна застапеност и распределба на општествените ресурси
    • Граѓански концепт во одлучување и постоење на идентитет

    Содржината на ОРД е комплетно вградена во сите акти и документи на највисоко државно ниво што е гаранција дека задолжително ќе се реализираат и практично применуваат.

    Во Уставот во 2001 год. се внесени значајни измени, донесени се многу закони, што укажува на сериозноста на самиот Договор. Од тука произлегува дека сите функционери по сите основи како и сите граѓани се должни да ги пчочитуваат своите обврски кои произлегуваат од ОРД и со тоа даваат свој придонес за развојот на мултиетничкиот живот.

    Кон оваа проблематика треба да се приоѓа многу сериозно и одговорно за да се градат сериозни и одговорни општествени односи. Самите политички партии како организирани политички сили кои се всушност потписници на ОРД се должни целосно да се посветат на договорената политика на земјата.(За потсетување документот го потпишаа СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДПА и ПДП). Во нивните програми, покрај главните теми (економија, меѓународните односи, образованието, здравството...) се наведени и меѓуетничките односи. Во партиите со македонски предзнак се потенцира зачувување на сопствениот идентитет, јазик, историја и култура. Партиите со албански предзнак се постојано во потрага за афирмација на сопствениот статус и изразување на незадоволство од спроведувањето на одлуките од ОРД што се однесуваат на нивните права. Произлегува дека поголемите (па и помалите) политички партии ги толкуваат одредбите на Договорот и државните акти како им одговора, односно како сакаат. Честопати бараат решенија во други меѓународни документи за меѓунационални односи, иако во сопствената држава имаме таков. Тоа упатува на недоверба меѓу политичките опоненти. Самите политички партии имаат монолитен етнички состав и предлагаат носители на јавни функции исклучиво од својот етникум, што значи дека сеуште сме затворени во сопствената етничка групација.

    Симболите на етничката припадност честопати се потенцираат како проблем. Во 2005 год. е донесен Законот за употреба на знамињата, сеуште некој не сака да го почитува (или не му одговара). Во образованието не се решени сите прашања што би ги релаксирале меѓуетничките односи меѓу младите. Училиштата се поделени по етничка основа. Онаму каде учениците учат во исти објекти, се настојува да не бидат во исти смени, и повторно доаѓа до инциденти. Не се прифаќа изучувањето на јазикот на „другите“, или ако се мора да биде подоцна. Се форсира сопствената историја, култура и градба на своите обележја.

    Верските заедници декларативно се залагаат за меѓусебна толеранција и взаемно почитување, но повремено се јавуваат изливи на незадоволство и форсирање на својата популација за сметка на „другите“. Скрнавење на надгробни споменици и разбивање на духовни светилишта не одат во прилог на ниедна религија која учи да се сака, почитува и помага другиот.

    Медиумскиот простор е истотака поделен по етничка линија. Секој од нив (пишан или електронски) најчесто зборува позитивно за „своите“, а негативно за „другите“.

    И спортот многу често ги разединува, наместо да ги обединува симпатизерите. Понекогаш спортските терени се места за политичка и физичка пресметка што нема никаква врска со спортот, но многу кажува за меѓуетничкото расположение.

    Да резимираме: иако изминатава декада на практицирање на ОРД даде резултати, не може да се каже дека ги реши сите меѓуетнички проблеми. А тие всушност беа директната причина за донесување на ОРД. Тоа значи дека на истиот треба да се работи многу поотворено, попосветено, со чиста мисла и добра намера.

    Целосна интеграција во сите насоки на луѓето без разлика на етничката припадност треба да биде цел на секој поединец и сите заедно. Ако сакаме мирна и безбедна средина, хармонична атмосфера и вистински соживот, сите треба да придонесеме со својот однос и делување.

    Но дали може да се сменат сфаќањата, разбирањето и емоциите за заеднички соживот, или пак се подобри секојдневните претстави со политичка боја? Изборот е на самите граѓани и нивните избраници во власта. Бидејќи имиџот, авторитетот и угледот на сопствената држава го градиме сите ние, самите.

    Круне Младеновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*