×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ректална спелеологија

    Емил Ташевски

    Во секоја поголема група, постои (или треба да постои) хиерархија во рамките на која се воспоставува динамика помеѓу различните улоги.

    Во мојата денешна колумна ќе се осврнам на полтронството изразено во политичките партии и државниот сектор. Идејата да го напишам овој текст ми дојде од секојдневните коментари читани по социјалните мрежи и пробувањето на луѓето така да допрат до политичарите кои имаат функции да одлучуваат, од напредувањето во државната администрација на луѓе кои се потчинети, а недоволно образовани, од правење идоли на младата популација од политичари кои се во врвот на политички партии во последните 20 години итн.

    Кај нас во Куманово полтронството и дворските игри се трајни симптоми и тие се најголем двигател на напредок на поединец без интегритет и образование во политичката партија, додека во државна администрација напредуваат луѓето кои гласно зборуваат дека “многу работат”, луѓе научени да наведнуваат глави и да немаат свој став и уште неизумрениот вид на “сончогледи”.

    Ќе го цитирам големиот Меша Селимовиќ (изворно на српски јазик):

    Улизице – то су за мене најгори људи на свету, најштетнији, најпокваренији. Они подржавају сваку власт, они и јесу власт, они сеју страх без милости, без икаквог обзира, хладни као лед, оштри као нож , као пси верни свакој држави, КАО КУРВЕ НЕВЕРНИ СВАКОМ ПОЈЕДИНЦУ, најмање људи од свих људи. Док њих буде нема среће на свету, јер ће уништити све што је истинска људска вредност.“

    За споредба ќе земам успешност на една навивачка трибина на која сум често и како тоа таму се функционира. За да биде успешна како што е, најпрвин луѓето што се дел од неа мора да ја почитуваат хиерархијата и навивачкиот кодекс. Секој е задолжен за делот кој најуспешно може да го работи. Се знае кој пали бакљи на трибината, кој прави кореографија и поставува правила за реализацијата на истата, а кој оди во првите редови кога се дешаваат некои “гужви”. Ова се прави се со цел, а која не повржува сите нас што сме дел од неа, победа и добра игра на тимот за кој навиваме и одбрана на честа на самата трибина.

    Не дека таму е се како што треба но малку од малку има воспоставени правила и критериуми кои ги нема во политичките партии, а уште помалку во државната администрација од која сум исто така дел.

    На трибината со преданоста, љубовта, посветеноста и залагањето стануваш лидер, додека во партискиот случај лидер можеш да бидеш само преку полтронско-клиентелистички релации.

    На трибината ако не ја знаеш песната на својот клуб си никој и ништо, а во партијата ако не ја знаеш азбуката стануваш директор.

    Мислам дека нема полоша човечка особина од полтронизмот, нема поголемо човечко зло и бесчест од кукавичлук. Не секој може да биде успешен полтрон. Треба да имате голема доза на талент за да бидете познат полтрон. И не е за секого. На некому му одговара. Тоа е составен дел од неговата личност, од детството до староста. Станува негов генетски код. Луѓе-полтрони кои „влегуваат во другиот задник заради сопствениот задник“, а поради практикување на ректална спелеологија смрдат и од тело и од душа. На километри. За нив канализационата мрежа е убав дом. Тие се зло за нашето општество и „вреднувајќи“ ги нив дали во партија или државна служба никогаш не можеме да направиме добар систем кој ќе носи победи како навивачката трибина која ја споменав погоре во текстот. Единствено охрабрување и сламка на надеж може да ни бидат се повеќе „стојковци“ кои се повеќе пркосат на полтроните и нивните идоли.

    Емил Ташевски  Емил Ташевски (Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ)

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*