×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СИТЕ СЕ ИСТИ! ДАЛИ?

    Бране Петрушевски

     „Сите се исти“ е кампања на власта со која сака да ја рашири апатијата помеѓу граѓаните, за да останат дома при гласање и уделот на големата на државни јасли вдомена партиска војска да биде одлучувачкиот фактор во изборниот резултат. Одново добрите луѓе да не гласаат и со тоа да изберат лоши луѓе да ја водат државата. Резултатот од тоа сите го живееме.

    Мене лично, како пратеник, апсолутно ми е навредлива таа флоскула, затоа што се сметам за тотално различен од моменталните властодршци. Па дури, ако сакате, и во една политичка номенклатура постојат различни индивидуи, кои никако не може да се подведат во геслото „Сите се исти“. За мене чесноста, чистиот образ и интересот на граѓаните се светост и нема да дозволам никој тоа да ми го смени.

    На едноставен и пластичен начин ќе се обидам да ја прикажам разликата помеѓу власта и опозицијата во Република Македонија.

    Зоран Заев се колнеше дека нема да има промена на Уставот заради промена на уставното име на Република Македонија. И го промени!

    СДСМ ветуваше дека во Куманово ќе има инвестициски бум кога ќе ја има споено локалната и централната власт. И после цел мандат ништо! Нема одолжување кон Куманово.

    Димитриевски во програмата ветуваше голем број капитални проекти, за кои го доби мандатот од граѓаните, но до денес ништо не видовме. Нема реализирано еден капитален проект ветен пред изборите.

    Вакви еклатантни примери може да наредам безброј и сите се дефиниција на Заевизмот - кажувам, негирам, заборавам...

    Од друга страна, ајде да зборуваме и за ВМРО-ДПМНЕ. Секој реален граѓанин на Република Македонија мора да признае дека ВМРО-ДПМНЕ воведуваше нови стандарди во политиката и има свои брендови по кои е препознатлива.

    Прва политичка партија која на избори излезе со реални проекти, со предвидени рокови на реализација и конкретна финансиска конструкција.

    Прва политичка партија која излегуваше со отчет на сработеното, со образложение зошто нешто не е сработено, нешто што денес не може да видите.

    Прва политичка партија која во политичкиот живот во државата ги воведе поимите Субвенции во земјоделието, странски инвестиции, индустриски зони... И тука листата е долга.

    Да бидам искрен до крај, да, ВМРО-ДПМНЕ имало и свои грешки, за кои има платено на изборите, но никогаш стратешки грешки по националниот интерес на македонскиот народ.

    Често од моите политички противници ја слушам тезата: владата на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го заборави Куманово. И да, делумно се сложувам, но ајде да видиме која е причината? Тогашната владеачка номенклатура во Куманово со оваа теза се одржуваше на власт. И никако не дозволуваа инвестиции од тогашната влада, само за да можат да печалат политички поени. Тоа е така и тие многу добро го знаат! Затоа не дозволија реализација на 3 милиони евра обезбедени пари од тогашната влада за канализација, не дозволија изградба на градинка, конечна реализација на ургентен центар и многу други капитални проекти. Само за да го задржат џокерот во ракав - ВМРО-ДПМНЕ го заборави Куманово.

    Изминативе 4 години СДСМ ги имаше сите предуслови да покаже дека може подобро -  ја имаше и централната и локалната власт. И чувството кај кумановци повторни исто. Владата го заборави Куманово...

    На Куманово му требаат локал париоти, чесни и вредни политичари. Луѓе кои максимално ќе се заложат за Куманово и ќе се одлепат од партиската догма. Креативни, посветени, работливи, кои ќе изнајдат решенија за наталожените проблеми на Кумановци. Таа понуда ја нема во СДСМ, ја нема ниту денес помеѓу 4-те јавачи на Апокалипсата кои таму јуришаат на општинскиот буџет. Впрочем дека немаат капацитет видовме и за изминатите 30 години власт во градот.

    Сограѓани, повеќе од неопходна е промена на власта од Куманово. И како казна за досегашното владеење на СДСМ и како надеж дека може подобро. Јас ве уверувам дека ВМРО-ДПМНЕ може подобро од ова во Куманово. Не промена заради промена и привилегии, туку заради љубов кон Куманово и кумановци, заради желбата да се покаже дека може подобро, заради енергијата и капацитетот кој го поседуваме и чекаме шанса за експлозија.

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*