×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владини функционери - имајте усул, криза е, намалете со крадењето!

    Бране Петрушевски

    Нормално е граѓаните во Македонија да се интересираат за случувањата во Истокот и воената агресија на Русија врз Украина. Притоа, да си бидеме реални ние како држава играме симболичка улога на светската геостратешка мапа или народски речено: од нас ништо не зависи. Затоа фокусот на нашите власти мора да биде кон домашниот интерес, односно кон решавање проблемите, кои од ден на ден се зголемуваат. Економските перформанси на оваа наша Влада се катастрофални и неопходен е целосен фокус кон поправање на економските потешкотии на нашите граѓани, кои за жал, по кризата во Украина ќе се зголемуваат и комплицираат.

    Но Владата наместо да се фати во коштец со проблемите, бара ПР финти преку кои ќе си ги оправда катастрофалните економски параметри. Имаме четири ефективно прогласени кризи и за секоја од Владата ќе слушнете само – кризата е увезена. И додека цената на горивата за само две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, а се очекува нов ценовен шок на енергенсите поради кризата во Украина, Владата никако да се откаже од акцизата за горива која самата ја зголеми. Под притисок на синдикатите се зголеми минималната плата, но Владата одбива скалесто зголемување на платите на сите категории работници во државата. Пензионерите не ги ни спомнуваат. Наместо да се откаже од луксузирања и удопствата на своите функционери, за да се пренасочат дополнителни средства кон граѓаните, Владата најавува нови рекордни задолжувања, кои во овие моменти на светска пандемија прескапо ќе не чинат.

    За енергетската криза до сега се потрошија повеќе од 200 милиони евра, пари кои можеа да се искористат за поголеми плати и пензии, доколку Владата произведуваше струја - наместо да краде на тендери во термоелектраните. Најверојатно им одговараше овој скап увоз на струја за да може да се рекетира и да се делат провизии од истиот.

    Општините се пред финансиски колапс поради неколкукратно зголемената цена на струјата на слободниот пазар, но Владата им порачува да се откажат од капиталните проекти за да ги сервисираат овие обврски. И ова само за да не се градат нови улици, водоводи, канализации како би се прикажале новите градоначалници за неспособни. И додека Владата планира оваа година да собере и потроши преку 4 милијарди евра, на општините им фрла само трошки. А сега бара општините да го поделат теретот на кризата со Владата. Би било тоа возможно кога ќе го споделуваат и Буџетот заедно. Вака, Владата помалку да краде и ќе има повеќе пари за да им помогне на општините и граѓаните да не останат без основни комунални услуги. Зошто ако да речеме ЈП Водовод Куманово не ја плати сметката за струја, ќе бидат исклучено од мрежата и кумановци ќе останат без вода. Затоа владини функционери, имајте усул, криза е, намалете со крадењето!

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*