×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За Куманово - Бастион на кумановци

    Бране Петрушевски

    Често може да се слушне низ градот, па и јавно по медиуми, како сдсмовците Куманово го сметаат за свој бастион. И тоа го кажуваат со голема гордост, замислете... И според мене токму тоа е најголемиот пораз на Куманово.

    На овие избори СДСМ во Куманово ќе оди со 2 кандидата. Мотивот за нивната внатрешна поделба е што го сметаат Куманово за своина, што мислат дека кого и да кандидираат ќе победат. Тоа им ги расне апетитите на поединци, па одат со еден тотален анонимус како формален кандидат на СДСМ и со друг веќе виден, неуспешен градоначалник, совршено вклопен во 30 годишното сивило на нивното владеење со градот. 

    Куманово изгледа немаше среќа да се реализира барем една од многуте досегашни изборни прогами на СДСМ со кои победуваа на избори. Оти да имаше среќа денес немаше да се гушиме во комунални проблеми, ќе имавме чиста река и комплетно уреден кеј кој се одржува. Ќе имавме квалитетна водоводна мрежа, наспроти азбестната која нè труе, и квалитетно водоснабдување. Ќе имавме модерна депонија и модерно управување со отпадот, наспроти денешата депонија Краста, која се пали и дополнително го загадува воздухот. Ќе имавме модерни и добро проектирани улици и булевари, без сообраќаен хаос како денешниот и модерни катни гаражи, како во нормалните европски градови. Ќе имавме добро опремени градинки со задоволителен капацитет, за разлика до денешените каде децата се трујат со салмонела, а дете да запишеш во градинка мора да ти направи "услуга" некој виден сдсмовец. Ќе имавме и училишта како што немаме, па ќе имавме и нова зграда на средното училиште на албански јазик, наместо поранешната ЗИК зграда, која е монтажна, со субстандардни услови за настава, без училишен двор и спортска сала. Ќе имавме и спортски успеси во новите спортски објекти, кои што ги нема. Ќе се слушаше детскиот џагор на многуте детски игралишта, кои што ги нема. Ќе имавме нов театар, каде ќе уживавме во комедиите и претставите на нашите кумановски актери, едни од најдобрите во државата, кои се приморани лебот да го вадат надвор од Куманово, поради лошите услови во постојниот театар. Ќе имавме убави села полни со народ, кои ќе ја произведуваа најубавата и најздравата храна. Ова е само дел од она што можевме да го имаме, доколку се спреведуваа програмите со кои СДСМ победуваше овие 30 години. Проблемот е во тоа што никој од нив не доаѓа на власт за да ја спроведе програмата која ја ветил, туку само за да се збогатат себе и одбраната елтата околу нив. 

    Ако СДСМ под бастион подразбира безмилосно трошење на заедничките финансиски средства од буџетот, исцрпувајќи ги преку тендери до нивни блиски фирми, тогаш може и да се согласам дека Куманово е нивен бастион во негативна смисла. Ако подразбираат дека општинската и јавната администрација треба да се полни со нивни партиски кадри, наспроти кавлитетните, да можеби е нивен бастион, пак во негативна конотација.

    На следните локални избори Куманово има нова шанса, овој пат да биде бастион на кумановци. ВМРО-ДПМНЕ го нуди овој концепт со кој сите кумановци ќе „јуришаат“ на буџетот, а на само 10-тина фамилии... Нудиме концепт тотално различен од се до сега. И повикуваме, ајде наново да го градиме Куманово.

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*