×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто сме полни со омраза и каде грешиме?

    Виктор Божиновски

         Иако сопствените политички ставови по различни општествени случувања често јавно ги споделувам на социјалните мрежи, па луѓето кои ме следат добро ги знаат моите уверувања, од кои патем, никогаш не сум отстапил, сепак подолг период постои една тема за која малку сум кажал. A и генерално, во Куманово многу малку се зборува за темата, иако секојдневно гледаме што се случува, но воопшто не реагираме. Еднаш поодамна напишав нешто на тема слична на оваа, но за жал од ден на ден сме сведоци дека работава само оди на полошо. Имено, како ние кумановците станавме полни со омраза, каде грешиме и како оваа појава да ја надминеме?

        Порано бев убеден дека ваквото однесување беше карактеристично само за социјалните мрежи каде отвораш Феjсбук, наидуваш на пост на човек кој нешто значи во својата фела, или активен или поранешен функционер, сериозен новинар, кој изнесува мислење и став за одредена општествена појава или одредена активност. Отвораш коментари, навредливи, простачки, без никаква смисла. Го отвораш профилот, лажен. Некој ставил лажна слика и никогаш ништо не објавил, ама го има секаде по коментари, навредува. Одма ти текнува на онаа старата “дошло време кога умните молчат а будалите зборуваат“. Она што во правото и законот се дефинира како “говор на омраза“, односно поим кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната политичка определба, раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и на некои форми на однесување на јавно место.

        Говорот на омраза дејствува покрај законот, говор кој навредува одредена личност или група во однос на дискриминација кон таа личност или група.

        Според законот, говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ којшто е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некој заштитен поединец или група, или поради што се деградира или заплашува одреден поединец или група. Законот може да го препознае заштитениот поединец или група според одредени карактеристики. Во некои држави, секоја жртва на говор на омраза може да побара надомест според граѓанско, кривично право или според обете. Она мрежно место, кое користи говор на омраза, се нарекува мрежно место за говор на омраза. Многу од овие страни содржат интернет форуми и генератори за извештаи кои истакнуваат одредени ставови. Имало дебата за тоа како слободата на говор се применува на интернет.

         Мене лично, сосема ми е јасно дека ваквото однесување е последица на политички, општествени, економски и социјални фрустрации, но сепак, ние, кумановците, и во Македонија, и насекаде по просторите на поранешна Југославија, бевме познати како весел, шегобиен народ кој знае да “ужива во животот“, народ кој сака да седне во кафуле или кафеана и да тера “зезанции“ по цел ден. За жал, тоа веќе не е така. Она што е дефинирано како “говор на омраза“ се повеќе кај нас кумановци се претвора во “однесување со омраза“ кон другиот, без разлика дали се работи за политика или било која друга општесвена сфера. Денес имаме ситуации во кои политичари, наши кумановски, се тужат по судови за нешто што некој некаде наводно кажал или не кажал еден против другиот, имаме состојби во кои локални кумановски директори се однесуваат како “шерифи“ спрема своите вработени само затоа што не размислуваат исто и повторно завршуваат на суд, луѓе кои не така одамна биле пријатели, дури и блиски другари кои денес по социјалните мрежи се навредуваат со невиден презир и огорченост едни спрема други. Да бидам искрен, пред некое време и јас умеев да “влезам“ во такви расправии, но во еден момент успеав да разберам дека со тоа ништо не се постигнува и дека таквото однесување, ако не престане, никаде нема да ме одведе... барем мене лично.

         Да биде уште полошо, и повторно ќе бидам брутално искрен, и јас самиот до пред одредено време уживав да одам по кафулиња и кафеани и да уживам во нивниот “кумановски шмек“, во убавите муабети и добра музика. Искрено, повеќе не ми се оди зашто секоја “седенка“ мора да заврши со расправање за политика, “кој кого издал“, кој е “предавник, а кој патриот“, едноставно ние кумановците самите си го “уништивме шмекот“ почнувајки да се расправаме за теми кои не разделуваат, а не не зближуваат. Се сеќавам на едно време, не така одамна, пред 15-20 години, кога исто така постоеја спротивставени мислења, луѓето се расправаа, и по цели денови и ноќи, ама со аргументи, не со навреди и подметнувања, и на крајот пак се седнуваше на заедничко кафе, без разлика на “исходот“ од расправијата.

         ОВА ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!

         Ние, кумановците, мора да разбереме дека сите кои останавме да живееме овде и немаме намера да си заминеме и од некоја белосветска вукојебина преку интернет да изигруваме патриоти, дека сите сме родени овде, во Куманово, дека нашите деца се родени тука и се надевам ќе сакаат да си останат во својот град, дека на крајот на краиштата, сите ќе се гледаме во очи секој ден, тука, во Куманово, сите го дишеме истиот воздух, сите бдееме над иднината на нашите деца... и дека сепак, сите ние сме само обични смртници.

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*