×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтинуваат за половина денар

    22.03.2021 13:49 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 отсто во однос на цените од пред една недела.

    Бензините поевтинуваат за половина денар

    Од ноќеска на полноќ, Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 69 денари, а литар Еуродизел БС (Д-Е V) за 56,50 денари.

    Новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 45,50 денари за литар, а Мазутот М-1 НС ќе чини 35,393 денари за килограм.

    РКЕ соопшти дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување на: бензинот за 1,595 отсто, дизелот за 2,875 отсто, екстра лесното масло за 3,023 отсто и на мазутот за 2,952 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,066 отсто.