Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторна комисија за енергетика одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.
Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ од ноќеска се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 74 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.